00:06 - 25 февруари, 2026

ДОАЃА МЛАДА МЕСЕЧИНА: На овие 4 хороскопски знаци ќе делува многу интензивно!

Сезоната на Вагата е во полн ек, а претставниците на овој хороскопски знак ја чувствуваат позитивната енергија што влијае на нивните односи.

Но сега ќе се сконцентрираме на Младата месечина која ќе се случи на 6 октомври во 7:05 часот наутро во знакот на дипломатската Вага. Младата месечина ќе донесе нова енергија која некои знаци повеќе ќе ја почувствуваат од другите. Односно, за хороскопските знаци најпогодени од октомвриската Млада Месечина, ова може да значи непријатни откритија во области на партнерствата и работата.

БИК

За Биковите доаѓа вистинско време да си се преиспитаат себеси, бидејќи енергијата на оваа Млада месечина ќе предизвика да се чувствувате заглавени во рутина. Време е за промени! Рутината морате да ја промените, да ја освежите или да започнете некои нови активности. Дополнително, оваа Млада месечина на Биковите ќе им донесе одлука да го подобрат своето здравје или да ја остават работата што ги исцрпува. Направете план во вашиот календар и држете се до него за напредок во текот на целата година! И на календарот со големи букви заблежете си дека мора да  вклучете малку дополнителна грижа за себе!

РАК

Ве чека работа во домаќинството, и буквално и фигуративно. Младата месечина предизвикува светлина во вашиот домашен живот, така што ќе се чувствувате повеќе сентиментално од вообичаено. Во овој период Раковите ќе се занимаваат со своите чувства, зашто Месечината ќе предизвика да бидат повеќе носталгични, но и да размислуваат за семејството и дали доволно време посветуваат на домашните, на домаќинството, на децата…Можеби е време навистина да размислите колку е стабилен и безбеден вашиот живот воопшто. Младата Месечина може да ви помогне да направите реорганизација низ домот или да направите промени во домот што ќе ви помогне да се чувствувате удобно.

ШКОРПИЈА

Веќе сте на работ на исцрпеност. Младата Месечина ќе ве натера да ги признаете сите начини на кои можеби не сте успеалеи ќе ве принуди да преземете акција. Наполнете ги внатрешните батерии затоа што оваа млада месечина ви наложува задолжителен период за релаксација. Земете си „спа“ ден или отидете во природа на прошетка!

РИБИ

Оваа Млада месечина носи некои интензивни промени за вас, Риби, и може да се појават тајни или скриени чувства. Гледате трансформации и духовно и во областите околу вас и вашите односи. Кармата во вашите врски дефинитивно ќе се појави бидејќи ќе се фокусирате на она што го давате и добивате во вашите партнерства. Дали сте навистина задоволни со рамнотежата или работите треба да се сменат? Ако работите не се во ред, можете да ги прилагодите работите на подобро, бидејќи ова е отворена врата за промена! Можеби е добро време да почнете подлабоко да размислувате за врските.

Слични објави

„Јас сум скапа жена, спонзоруша“: Ќерката на Дино Дворник си ја отвори душата

Еспресо

Гоца Тржан за поранешниот сопруг: „Многу се коцкаше, од бракот излегов гола како гасеница“

Еспресо

Кеба ја откри тајната на здравјето: Секое утро зема „природен антибиотик“ од манастир

Еспресо

Сузана Манчиќ се сели од својот стан од 175 квадрати во Белград: „Стана неподносливо!“

Еспресо

(Фото) Поранешна хрватска мис со објавата за борбата со ракот ги растажи сите

Еспресо

(Фото) Татко и ќерка на скијање: Дејвид Бекам создава нови спомени со ќерка си Харпер

Еспресо
Се вчитува....