6.8 C
Скопје
12:22 - 25 ноември, 2024

Дневен хороскоп за 10 јуни: Денеска сте многу емотивни и чувствителни, па од партнерот барате да ви посвети внимание

Овен

На полето работа ќе имате некои мали проблеми со своите соработници, па водете сметка. Можно е да размислувате околу тоа да почнете сопствен бизнис кој би можел убаво да ви тргне. Ве очекува интересна комуникација со личност која ќе покаже дека сака повеќе од пријателство со вас. Денеска сте многу емотивни и чувствителни, па од партнерот барате да ви посвети многу внимание.

Бик

Некои помали промени на училиште ќе ви дадат дополнителна сила за постигнување на подобри резултати. Нема да се пожалите од здодевност. Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на вашиот партнер и уживајте.

Близнаци

Навистина среќен ден за Близнаците, бидејќи ќе сретнат сродна душа со која што ќе споделат незаборавни моменти. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба затоа што таа почнува да се подобрува. Нема да ви биде лесно да остварите сѐ она што сакате, бидејќи некој ќе ве спречува во тоа. Од некои работи кои ќе ги изговорите зависи вашата иднина со партнерот.

Рак

Ден исполнет во авантури. Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои на вас ви биле многу драги. Ви претстои убава средба со некој Стрелец или Близнак. Ќе се залагате за некои важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте во иднина ќе постојат уште шанси Врската со личноста која ви се допаѓа тргна во погрешен правец. Залудно ќе се трудите да ги средите работите.

Лав

На професионално поле, не сте доволно концентрирани и лесно грешите на работата. Можно е да ви е потребно повеќе време да се адаптирате. Ако сте во врска, партнерот на некој начин ве повредил, па пробувате да му простите за врската да продолжи. Нагло ќе дојдете до проблеми во односот со брачниот партнер кој покажува дека е незадоволен во вашиот однос. Посетете стоматолог.

Девица

Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво. Вашата емоционална состојба делува несигурно. Иако сѐ уште постои љубов помеѓу вас и партнерот, сепак крајот се наближува. Многу сте различни.

Вага

Ќе морате да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна би можела да се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вас ви е подобро да не преземате ништо и добро да размислите. Ако сте во сериозна врска можеби ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни и чувствителни. Ве измачува тежината на обврските, но подобрувањето на финансиската ситуација ќе ве смири.

Скорпија

Емотивната состојба е нестабилна и ве принудува на непромислени потези. Нека не ве заплашуваат сегашните проблеми бидејќи во иднина доаѓаат уште посериозни. Ќе пронајдете разумно решение кога ќе се смирите и убаво ќе размислите. Некоја Вага очекува помош од вас. Чувствувате силна желба да му покажете на вашиот партнер колку го сакате, но можно е да не успеете во тоа.

Јарец

Преоптоварени сте од обврски и очекувате нечија помош, но денеска нема да ја добиете. Колегите не се многу расположени за комуникацијата со вас, а уште помалку за да ви помогнат. На емотивно поле, тежок ви е периодот и не сте задоволни. Осаменоста почнува се повеќе да ве оптоварува. Подготвени сте за нова љубов и промени. Проверете ја крвната слика.

Водолија

Ќе пронајдете одлично решение за проблемите во семејството, ќе ги решите недоразбирањата и во вашата околина ќе завладее мир. Несвесно ќе ги одложите обврските, а тоа може да ви направи мала штета. Посветете им се сериозно на обврските. Имате на ум една идеја која сакате да им ја предложите на претпоставените, а кој може да ви оди во прилог. Побарајте совет од партнерот.

Риби

Со вашиот најдобар пријател ќе исковате нов план, кој ќе ви помогне да имате многу случки за раскажување. Сѐ повеќе ви се чини дека саканата личност е поискрена со вас и тоа сепак ќе ви се допаѓа. Размислувате за зголемување на вашата материјална ситуација. Ќе ви се укаже прилика за наоѓање нов извор на финансии, но вам нема да ви бидат потполно јасни условите што ви се нудат.

Слични објави

Конечно без кафеански маси и стомачен танц! Карлеуша се огласи за концертот на Тања Савиќ, колегите од „Гранд“ сè уште молчат

Еспресо

(Видео) Ќе ви разбуди носталгија: Елвир Мекиќ сними нова песна со Пајак и се врати на македонската сцена!

Еспресо

(Фото+видео) Што направила од себе! Линдзи Лохан дала 300.000 долари за промена на личниот опис

Еспресо

Почина словенечката манекенка Леа Плут на 38 години: Му беше девојка на Саша Капетановиќ

Еспресо

Хороскоп за 25 ноември: Јарците ќе бидат заводливи, Вагите ќе уживаат во ноќна забава

Еспресо

(Фото) Чизми од 2.000 евра: Георгина Родригез покажа дека има пари, но дали има и стил?

Еспресо
Се вчитува....