3.8 C
Скопје
22:07 - 20 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 5 август

Овен
Иако секогаш се обидувате да делувате како силна личност пред другите, денешниот ден ќе ве натера да откриете чувствителен дел од вашиот живот пред личност од спротивниот пол. Тоа ќе создаде поблизок однос меѓу вас. Не им дозволувајте на луѓето да го тестираат вашето трпение. Пред да ве извадат од такт, покажете им ја вратата.

Бик
Чувствувате потреба постојано да се браните, но вистината е дека никој не ве напаѓа. Денеска одолејте ѝ на желбата да давате објаснување за секоја ваша постапка и живејте послободно. При комуницирањето ќе бидете малку нејасни, па можно е тоа да биде извор на недоразбирање со блиска личност. Надминете ги препреките.

Близнаци
Денес на површина ќе излезе вашата романтична страна и ќе вложите многу напор за личноста која е покрај вас да се чувствува специјално. И најмалите љубовни гестови ќе имаат силно позитивно влијание на вашите односи. Ако не сте во емотивна врска, не ги избегнувајте новите онлајн контакти. Голема е веројатноста токму на тој начин да пронајдете личност која ќе ве освои.

Рак
Некоја стара дискусија повторно ќе ви биде на дневниот ред. Ова е време за поставување на работите на вистинскиот начин. Речити сте, па со помош на зборовите ќе си го поплочите патот до успехот. Некој ве штити на љубовно поле. Од партнерот конечно ќе ја добиете посакуваната нежност. Но, време е да разјасните некои работи во љубовта.

Лав
Воздржете се од импулсивните реакции, бидејќи таквите потези можат да ве оддалечат од саканата личност. Бидете прилагодливи и пробајте да ги прифатите другите мислења и ставови, а не само да се држите до своите. Не се оптоварувајте со она што го зборуваат завидливите колеги. Внимавајте колку откривате пред другите за вас.

Девица

Мо­же­би и не­как­ви среќ­ни окол­нос­ти кои ќе ве нап­ра­ват ра­дос­ни, а во таа смис­ла можна е и не­как­ва до­бив­ка. Ви претстојат уба­ви мо­мен­ти и сред­би на јав­ни мес­та, а мо­же­би и мно­гу сит­ни за­до­вол­ства по­ра­ди пар­тне­рот. Ова се однесува за текот на це­ли­от ден, ос­вен за ве­чер­та, ко­га е мо­жен не­ка­ков пер­и­од на раз­драз­ли­вост, нап­на­тост, по­ра­ди лич­ност ко­ја за­ви­си од вас.

Вага
Бидете отворени, но не и за деталите кои може да станат пикантно озборување. Разговор со некој близок може да ви биде од корист – ќе разгледате некој проблем од друг агол и ќе донесете разумна одлука. Повремено ќе чувствувате слабост и малаксаност и можни се настинки, но и вирусни инфекции. Јадете повеќе зеленчук.

Скорпија
Ваш близок пријател може да ве совлада со нелогични тврдења и каприци да го расипе вашето расположение. Атрактивна понуда за продажба на недвижен имот ќе го привлече вашето внимание. Воздржете се од таква инвестиција, иако вашата финансиска состојба е стабилна во моментот. Немате доволно информации за договорот.

Стрелец
Емо­ци­и­те се оние што ќе ви го управуваат де­нот, осо­бе­но ако од­но­си­те со не­кого не ви се ка­ко што тре­ба во емо­тив­на смис­ла. Посебно ако ве­ќе ­поч­ну­ва­те да се сом­не­ва­те во сво­и­те чув­ства кон не­ко­го од спро­тив­ни­от пол, денес ќе најдете доволно причини за да се разочарате и да го промените односот. Време е да направите некои промени.

Јарец
Ќе сакате да исполните нечии желби за да придонесете за убавото расположение. Внимавајте само на своето здравје, бидејќи може да се вложите премногу и да се истрошите. На почеток ова ќе ви изгледа како ден кој сакате да го поминете во самотија, концентрирани на своите мисли и идеи. Но, можно е некој повик или средба да ве предомисли.

Водолија
Не затворајте се во себе и искористете ги можностите кои ви се нудат на секое поле. Ве преокупира работата и се трудите да завршите повеќе работи од она што реално можете. Концентрирани сте, но тоа нема да ви трае долго. Разговорот со некој од колегите или близок пријател може да ви биде од голема помош. Не сте во врска? Ќе се вљубите кога најмалку очекувате.

Риби
Ова е ден за вас и вашиот партнер. Посветете си доволно време и уживајте во романтичните моменти. Можеби ви е потребно да заминете и на некое патување. Обидете се да одвоите време и за семејството. Прифатете ги безрезервно сите убавини што ќе ви ги пружи партнерот, уживајте еден во друг и продлабочете ја врската.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....