0.8 C
Скопје
18:13 - 24 ноември, 2024

Астро прогноза за недела, 14 август

Овен
Денов ви носи мирен и убав период во емотивните односи. Зафатените ги очекуваат убави нешта во врската, без посебни турбуленции или проблеми. Вашата врска ќе доживее убав период исполнет со многу љубов. Кон тоа ќе придонесе и вашето однесување, вниманието кое ќе го насочите кон партнерот, но и поддршката која ќе ја нудите во секое време кога ќе биде потребна.

Бик
Поради стресните ситуации кои ве оптоваруваат може да дојде до одредени несогласувања со партнерот. Слободните ќе се соочат со ново и пријатно познанство со личност која ќе биде многу мила и внимателна, но потребно е да се заштитите од влегување во врска во овој период, бидејќи можни се непријатни разочарувања. Сепак, бидете отворени кон нови познанства.

Близнаци
Добар период за подобрување на материјалната ситуација. Можно е да имате повеќе работа од вообичаено. Имате многу доверба во саканата личност и таа ве мотивира да бидете подобра личност. Многу сте вљубени, постојано мислите на саканата личност. Ќе уживате во својот љубовен живот исполнет со романтика, фантазија и убави чувства.

Рак
Ако немате веродостојни информации за деловните можности, не правете лекомислени ветувања, туку побарајте нечија интервенција и посредување. Сите проблеми е полесно да се решат со нечие присуство. Бидете нежни и имагинативни пред вашиот љубовен партнер. Препуштете се на вашите чувства и емоционална инспирација. Проблеми со кожата.

Лав
Ако сте доволно чесни или одговорни за она што го правите, не дозволувајте нечија чудна приказна да ве предомисли. Постапете според вашата совест бидејќи е важно да го испочитувате заедничкиот договор. Подобро е да прифатите некоја утешна варијанта, иако таа не е својствена на вашиот карактер и темперамент. Чувствителен дел на зглобовите.

Девица
Не ве чекаат никакви дополнителни обврски или големи промени. Денот ќе помине мирно на работа. Во љубовта, водите тешка внатрешна борба со себе, но не сакате за тоа да разговарате со никого. За оние кои ќе сметаат дека не е време за ништо сериозно, ќе се јават многу личности кои ќе ги заинтригираат. Слаба циркулација. Мора повеќе да се движите.

Вага
Бидете внимателни кому ја давате својата доверба. Можно е да се случи да се опкружите со погрешни луѓе. Ве очекува интересна ситуација на полето на флертот. Може да се надевате на интересно запознавање со некоја личност. Ако сте во врска, имате впечаток дека со саканата личност не може да најдете компромис. Занимавајте се со спорт.

Скорпија
На емотивно поле, нема да дозволите да бидете збунети, ако другата страна ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да го зацврстите вашиот однос. На професионално поле, можно е договарање нов договор. Сѐ ќе изгледа мошне амбициозно, а вие би сакале да се приземјите. Ќе знаете да ги надминете проблемите. Периодот не ви е наклонет.

Стрелец
Доаѓате до мали проблеми на деловно поле, но со трпение и упорност ќе успеете сè да решите. Треба да почекате малку пред да почнете со реализацијата на проектот што ви е на ум. Не се откажувајте. Внимателно набљудувајте ги своите навики околу исхраната. Некаде грешите. Мора да ги подобрите вашите врски. Некои од нив имаат негативно влијание врз вас.

Јарец
На емотивно поле, без разлика дали спаѓате на помладата или постарата генерација, ќе бидете несигурни и со низа прашања каде оди сето ова. Од вас се бара поголема доза на толеранција. Следува одлична соработка со личности кои се духовити, забавни и креативни. Истото важи и за работата. Можна е да склучите договор за кој долго сонувате.

Водолија
Луѓето постојано се вртат околу вас со причина, а тоа е затоа што сте пријатна и мила личност. Иако понекогаш умеете да ги покажете вашите рогови, во најголем дел од времето сте прекрасни. Очекувајте бројни повици денес. Некои водолии ќе добијат нешто што одамна го посакувале и ќе го пронајдат својот внатрешен мир. Ќе уживате во спокојот.

Риби
Можно е денес да влезете во некои мали расправии со соработниците на професионално поле. Можно е да не сте сигурни за која работа да се одлучите. Имате две понуди и потребно е да направите добра калкулација. Постојат помали проблеми во комуникацијата со вашиот партнер, но ако се потрудите ќе ги решите. Потребен ви е сон и спокој.

Слични објави

(Видео) Се ожени синот на Даниел Поповиќ: И невестата и свекорот се фатиле за микрофонот на веселбата

Еспресо

„Родена сум со 4 помалку…“: Марија Шерифовиќ откри кој недостаток ѝ бил дијагностициран како бебе

Еспресо

Тања Савиќ доби изненадување од Муки по концертот во Белград: Пејачката веднаш се „фрли“ во прегратка на 11 години помладиот дечко

Еспресо

(Видео) 30 години од „К-15“: Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки славеа во кафеана и еве што порачаа…

Еспресо

Душко Тошиќ има нова девојка: Откриени сите детали за нивната врска и каде парот тајно се гледа

Еспресо

Хороскоп за 24 ноември: На Овните им пристигнуваат пари, Раковите се на емотивна клацкалка

Еспресо
Се вчитува....