09:00 - 16 ноември, 2026

3 НАЈМОДЕРНИ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Секогаш изгледаат како да се на модна писта, сите им се вртат по нив, а еден троши најмногу пари

девојка

Хороскопски знаци со најмногу стил – од оној кој сите пари ги троши на облека, до оној што секогаш наоѓа нешто што вие не сте го нашле во продавница, а потоа изгледа подобро од вас! 

Ова се трите знаци кои најмногу водат сметка секогаш да бидат во тренд!

Лав

Апсолутниот моден победник во Зодијакот дефинитивно е Лавот. Припадниците на овој хороскопски знак ги секогаш ги следат најновите модни трендови и го извлекуваат најдоброто од истите. Не се двоумат да платат огромна сума пари за сите да се вртат по нив. Никогаш нема да носат исти работи како и другите, но другите секогаш ќе сакаат да го носат она што го има Лавот.

Вага

За Вагата, животот е модна писта, дури и кога оди до продавница. Ќе ги вклопи чевлите и каишот, ќе стави некој додаток, бидејќи којзнае кој ќе го сретне. Вагите сакаат да се облекуваат убаво дури и кога се дома. Имаат префинет вкус што понекогаш ги надминува нивните можности, поради што не им е чудно да штедат со месеци само за да купат нешто што им се допаѓа.

Водолија

Имагинативните и авангардни Водолии секогаш ќе изгледаат најдобро во друштвото! Сите ќе се прашуваат од каде го купиле она што го носат. Тие имаат неверојатен талент да „ископаат“ нешто што никој друг не би го забележал во продавница и изгледаат одлично во тоа. Водолиите не ги сакаат трендовите бидејќи не сакаат да изгледаат како другите, но ја сакаат убавината и модата иако речиси никогаш не го признаваат тоа јавно.

Слични објави

Хороскоп за 16 ноември: Ракови, верувајте ѝ на вашата интуиција

Еспресо

Една порција зелен лиснат зеленчук дневно — што открива истражувањето за помнењето во повозрасната доба?

К.С.

(Фото) Џејла Рамовиќ во впечатливо издание – блесна во мини фустан со кој ги истакна нејзините долги нозе

Еспресо

Сопругата на Лазар Ристовски ѝ одговори на жена која ја нарече спонзоруша: „Ги доби своите пет минути“

Еспресо

„Каде песно моја“ – меланхоличниот евергрин на Славе Димитров што речиси пет децении ја чува својата магија

Т.Ц.

Весна Ривас ја прослави годишнината со сопругот кој ја изневерувал – се разделија, а денес повторно се заедно

Е.А.
Се вчитува....