3.8 C
Скопје
21:51 - 4 март, 2025

Хороскоп за 30 јануари: Овните ќе бидат во љубов со колега, Девиците ќе заведуваат, а вие?

Овен

Љубов: Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно, бидејќи немате јасно поставен став.

Кариера: Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење.

Здравје и совет: Издржете.

Бик

Љубов: Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително. Имајте трпение.

Кариера: Незадоволните од работата, ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро.

Здравје и совет: Работете го она што го сакате.

Близнаци

Љубов: Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси, ќе се појават и фрустрации.

Кариера: Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак, тоа ќе биде доста напорно.

Здравје и совет: Ви треба краток одмор.

Рак 

Љубов: Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот, што ќе го помнинете со кого вие сакате.

Кариера: Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено.

Здравје и совет: Уривате рекорди.

Лав

Љубов: Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина.

Кариера: Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптоварени со работи.

Здравје и совет: Не мора да се брзате.

Девица 

Љубов: Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил, па и успехот е веројатен.

Кариера: Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор, но ќе се договорите.

Здравје и совет: Ќе имате пријатни соништа.

Вага 

Љубов: Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување, кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе.

Кариера: Ќе влијаете на настани, луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат.

Здравје и совет: Немојте да си го расипете карактерот.

Скорпија

Љубов: Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното, а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена.

Кариера: Вашите сојузници се засилуваат, а и вие со нив. Денеска станувате сè посвесни за тоа, а вашата самодоверба расте.

Здравје и совет: Не знаете до каде може да стигнете.

Стрелец 

Љубов: Ќе се согласите на сите барања од саканата личност, затоа што и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали, слатки грижи.

Кариера: Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола.

Здравје и совет: Ќе бидете фокусирани на други.

Јарец 

Љубов: Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати.

Кариера: Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да си го дозволите.

Здравје и совет: Некои имаат духовни искуства.

Водолија

Љубов: Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил.

Кариера: Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени, едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови.

Здравје и совет: Помирете се со реалноста.

Риби 

Љубов: Во комуникацијата со саканата личност, сè поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет.

Кариера: Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед.

Здравје и совет: Имате право кога ја негувате натуралноста.

 

Слични објави

Диетата на Тања Савиќ: Сменила само една работа во исхраната и успешно го намалила салото на стомакот!

Еспресо

(Фото) Синот на Марија Шерифовиќ се разболел: Уморната пејачка објави фотографија и откри за што се работи

Еспресо

Ведрана Рудан со потресни зборови за својата болест: „Нека ја сфатат мојата смрт како…“

Еспресо

Блесна бурма на раката на Јована Јеремиќ! Водителката зборуваше за свадбата со Драган

Еспресо

Милан Станковиќ лиеше солзи за хрватскиот претставник на Евровизија: Пејачот не можеше да си дојде при себе!

Еспресо

Почина сопругот на Доли Партон: Со Карл Дин беа заедно повеќе од 50 години

Еспресо
Се вчитува....