Пристигна и тоа време, крајот на декември, во кое се пополнуваат новите планеринајчесто со зборовите: „Нова година, нова јас! ” Сепак, пред да ги запишете сите цели, консултирајте се со астролозите кои подготвија клучни моменти за секој хороскопски знак во наредната година. Астролозите Џејк Регистер, Мониша Холмс и Колин Бедел открија што пишува во ѕвездите за американското издание на Cosmopolitan.
ОВЕН
Генерално
Во 2023 ќе учите како да се истакнете и ако сте многу амбициозни, креативни ќе бидете препознаени. Подгответе се за големи настани во вашиот живот кои ќе се случат околу 20 април и 14 октомври. И верувајте дека луѓето ве гледаат додека сјаете како ѕвезда!
Финансии
До почетокот на мај ќе ја зајакнувате врската со парите, а врвот на финансиската стабилност ве очекува на 28 октомври. Побарајте покачување!
Љубов
Се чини дека 2023 година нема да биде фатална на љубовен план, но тоа е во ред. Ако одлучите да си поиграте малку, ќе имате многу љубовници на располагање. Ќе бидете особено популарни во текот на летото кога ќе привлечете најмногу луѓе. Постои и можност за афера во јуни и јули, а особено ќе си го отворите срцето на 4 ноември – можеби нема да се чувствувате подготвени за врска, но во вашиот живот би можела да влезе потенцијална сродна душа…
БИК
Генерално
Луѓето околу вас ќе зборуваат многу за вас – и добри и лоши работи. Почнувајќи од март, време е да се ослободите од токсичните пријатели и лошите деловни колеги. Да, на тој начин може да изгубите некои блиски луѓе, но нема да се чувствувајте лошо поради тоа. Само што ослободувате простор за доаѓање на нови и подобри пријатели кои би можеле да влезат во вашиот живот во октомври.
Финансии
Мора да преземете финансиски ризици! Ретроградниот Марс е во вашиот финансиски сектор до 12 јануари и ќе ви помогне со ризичните потфати. Прозорецот на можности се отвора помеѓу 12 јануари и 25 март, а потоа треба да се впуштите во нови предизвици; од започнување сопствен бизнис до барање унапредување или избор на сосема нов пат во кариерата.
Љубов
По неколку години неволји, на вашата врска ѝ треба промена. Треба да научите да споделувате повеќе! Додека го правите ова, погрижете се да имате доволно приватност. Почнувајќи од 10 јули, сите кои имаат некакви несогласувања во врската ќе сфатат дека само треба да го пуштат партнерот да „влезе“ во нивните животи. Значи, покажете малку повеќе емоционална достапност со изразување на вашите чувства. Како што се приближува средината на годината, вашата врска ќе биде исполнета со повеќе движења, комуникација и јасност.
БЛИЗНАЦИ
Генерално
Влегувате во 2023 година полни со желба за акција, а тоа е одлична вест бидејќи оваа година ќе го добиете она што најмногу го сакате – вниманието. Но, нема да биде „само така“ бидејќи и вие ќе треба да поработите. Можеби некои работи не се лесни, но во јули ќе бидете наградени за вложениот труд.
Финансии
Подгответе се, Близнаци! Марс ви овозможува збогатување додека е во вашиот знак до 25 март. Полната месечина во Рак на 6 јануари и ретроградниот Марс што завршува еден ден подоцна целосно ќе ве променат. Ќе го промените идентитетот и навиките толку брзо што ќе бидете подготвени за летото на создавање неверојатни можности за финансиски успех.
Љубов
Љубовта и флертот не ви се голем фокус, судејќи според ѕвездите. Наместо тоа, ќе поминувате повеќе време со блиски пријатели и ќе барате нови. Во средината на летото можеби ќе почувствувате потреба да се фрлите во романтична афера, но бидете внимателни, особено околу 18 јули. Пазете се од токсични љубовници кои не ви требаат во животот и лажни пријатели кои треба да ги надраснете. Ако сретнете луѓе кои прават да се чувствувате посебно, фокусирајте се на пријателството и оставете го универзумот да го направи останатото.
РАК
Генерално
Добро, ситуацијата е малку… нерамна. Во јануари ќе се појават платонски и романтични проблеми во врската, а ситуацијата ќе се повтори кон крајот на декември. Ова не значи дека сте осудени да раскинете, но значи дека треба длабоко да размислите како се однесувате со другите. Изберете ги вашите пријатели и партнери внимателно.
Финансии
Размислете за структурата! На 7 март Сатурн влегува во знакот Риби и започнува тригодишна поддршка на вашиот хороскопски знак, па време е да направите буџет и финансиски граници. Марс ќе ви помогне да го ослободите стариот багаж до 25 март и ќе ве инспирира да се опуштите од ограничувањето на парите. Ова ќе го зголеми вашето чувство за вредност и ќе доведе до финансиски прилив во текот на летото.
Љубов
Последните неколку години за вас беа преоден период во поглед на навигација во блиските односи. 2023 година започнува кога размислувате за тоа колку сте пораснале со луѓето околу вас. Од 17 јули ќе направите простор за нови средби и флертувања. Обрнете внимание на еволуцијата на вашата врска во наредната година бидејќи таа неверојатно ќе се промени.
ЛАВ
Генерално
Вложивте многу време размислувајќи за вредноста на партнерството и оваа година сте подготвени да се посветите на некого. Копнеете по значајни и длабоки врски. И ќе ги добиете! Само да кажеме дека постои можност да се навлечете на некоја мила личност или да се зближите со сегашниот партнер. Во пролетта ве очекува посебна љубовна среќа.
Финансии
Преземете мали чекори и бидете дисциплинирани за користење на вашите банкарски сметки. Енергијата ќе се расчисти во март, а потоа ќе преземете мали чекори и ќе го применувате она што ви пречи. Обележете го календарскиот период од 20 мај до 10 јули – тогаш ќе бидете особено жестоки да ја следите сопствената страст за финансиска добивка.
Љубов
Шармот не е толку важен како продлабочувањето на врската. Почетокот на годината ви дава простор за нешто многу посериозно од само флертување, можеби дури и планирање иднина со некоја посебена личност. Од 23 март најголем предизвик ќе ви биде да отфрлите некои идеи за врските за да можете да го подигнете љубовниот живот на повисоко ниво. Доаѓаат големи промени, особено во периодот од 23 март до 1 мај.
ДЕВИЦА
Генерално
Земете длабок здив бидејќи оваа година нема да биде една од најдобрите години досега. Тоа не значи дека ќе биде страшно, но ве очекуваат бавни промени и личен раст. Старите пријатели и поранешните љубовници повторно ќе влезат во вашиот живот, а вие ќе се ослободите од некои лоши врски. Јули може да биде особено осамен месец, но сето тоа значи дека го расчистувате патот за 2024 година.
Финансии
Постои поврзаност помеѓу вашите луѓе и вас во профитот. Од 19 февруари до 20 март размислете како можете да инвестирате во другите и како тие да инвестираат во вас. Моќната енергија ќе ја запали вашата зона на добивка во следните 18 месеци, помагајќи ви да дознаете повеќе за оваа корелација.
Љубов
Доколку сте заинтересирани да ја зајакнете вашата врска, 2023 година е одлична година за тоа. Годината ќе започне малку неволно, но ќе развиете подобро со разбирање за сопствените потреби и желба да се чувствувате сакано, дури и ако сега се мачите како да го објасните тоа. На 7 март ќе мора да го барате она што го сакате, дури и ако идејата за долготрајна врска ви предизвикува малку непријатно чувство. Може да одите напред-назад размислувајќи што навистина сакате со одредена личност. Не грижете се премногу. Дајте им шанса на луѓето пријатно да ве изненадат!
ВАГА
Генерално
Иако рамнотежата е главниот збор во вашиот живот, вашата врска е сè само не избалансирана. Поголемиот дел од пролетта и летото ќе ги поминете обидувајќи се да ги поправите драмите што ве очекуваат. Најдобар начин да ги решите е да го оставите сопственото его на страна и да размислите за потребите на другите луѓе. Ако го направите ова, до крајот на годината вашата врска ќе биде како брод што не може да потоне.
Финансии
Треба да дадете за да добиете нешто! Почнувајќи од 2021 година, астрологијата фрла светлина на ѕидовите помеѓу вас и вашата финансиска стабилност. Ова конечно доаѓа до големото финале на 5 мај, под затемнувањето на Месечината во знакот на Шкорпија. Оттогаш, преземете инспирирана акција за да продолжите напред во вашата нова финансиска фаза во животот, како и да изгледа тоа за вас. Ќе ги видите обидите како добиваат убава форма на 14 октомври преку затемнувањето на Сонцето во знакот на Шкорпија.
Љубов
Вие сте тип на личност која нема проблем да флертува бидејќи и да сте срамежливи, сепак сте магнетски привлечни. Но, почнувајќи од 2023 година, ќе почнете да развивате посилни чувства за тоа како сакате да се чувствувате исполнето во вашиот љубовен живот. Флертувањето едноставно нема да ве задоволи. Сакате љубовник со кој ќе растете и комуницирате, а од 24 март не сакате да толерирате ништо помалку од она што го заслужувате. Концентрирајте се на развивање блиски односи и доверба затоа што сте одличен судија за карактери. Ова е година во која треба да ѝ верувате на вашата интуиција.
СКОРПИЈА
Генерално
Доста е, ова е годината кога навистина треба да завршат вашите полу-врски. Може да биде забавно додека се залажувате, но време е за нешто навистина вредно. Откажете ги полуврските и барајте нешто сериозно. Ако веќе сте во врска, фокусирајте се на тоа да имате визија со вашиот партнер за важни работи. Ако почнете да работите со време на вашата врска, вашиот љубовен живот ќе напредува.
Финансии
Која е вашата вистина? Пред да изберете начин на заработка, треба да се запрашате кои навистина сакате да бидете. Концентрирајте се на тоа пред да пристигне затемнувањето на Месечината во вашиот знак на 5 мај. Потоа, ќе имате одговори на прашањата за вашиот идентитет и ќе можете да ги преземете неопходните чекори за да создадете финансиски безбеден живот што го заслужувате.
Љубов
Не се грижите дека е надвор од ваша контрола, дали ќе бидете безбедни во иднина. Ова може да биде година кога флертувањето ќе стане посериозно. Некаде околу 7 март, веројатно ќе го најдете тоа што го барате. За некои од вас тоа би можело да биде продлабочување на вашата врска, а за некои тоа може да биде соло време што го чекавте. Нема срам во тоа да не бидете сигурни што е следно. Верувајте дека иднината се одвива токму онака како што треба и ќе бидете добро.
СТРЕЛЕЦ
Генерално
Подгответе се за ретроспективи бидејќи оваа година многу ќе се навраќате наназад. Ќе поминувате време со семејството, луѓето со кои имате најмногу историја (вашите најстари пријатели) и можеби неколку бивши партнери. Што е најважно, ќе поминете доста време со самите себе. Март е месец во кој најмногу ќе размислувате за минатото.
Финансии
Безбедно е да се верува некому! Од 2021 година, затемнувањата се активирани во вашата приходна зона и конечно ќе „дипломирате“ на 5 мај со многуте лекции што сте ги научиле дотогаш. Храбриот Јупитер го поддржува вашиот знак во првата половина на 2023 година, охрабрувајќи ве да скокнете во нови можности. Кажете му ги на универзумот вашите парични намери на 13-ти ноември за да ја завршите годината со возвратен удар!
Љубов
Летото ќе биде многу жешка сезона за вас. Само погрижете се да играте на сигурно или вашата летна авантура може да се претвори во лоша ситуација. Вашата способност да практикувате претпазливост ќе се покаже како една од вашите најголеми заштитници. На 16 јуни се отвора вратата за создавање на сосема поинаков пристап кон љубовниот живот. Наместо да се борите да ја доживеете љубовта на одреден начин, ќе сфатите дека најисполнетите врски се создаваат низ патот каде што сте ги оставиле очекувањата дома.
ЈАРЕЦ
Генерално
Вашата атмосфера е целосно опуштена и кул, но во моментов сте толку зафатени со желбата да не бидете ранливи што се затворате пред луѓето кои ве сакаат. И ги блокирате целосно да ве запознаат. Оваа година е создадена за да го промените тоа. Еден куп љубов ќе добиете во мај, затоа почнете да вежбате отвореност за да бидете подготвени кога ќе тропне на вашата врата.
Финансии
Што значи за вас „финансиска стабилност“? Од март 2020 година, кога вашата владејачка планета Сатурн ги „обиколи“ вашите приходи, вие сте мотивирани да ја редефинирате безбедноста. Во март, Сатурн конечно преминува во знакот Риби, што ќе ве инспирира да преземете акција за новото знаење што сте го стекнале.
Љубов
Пред вас е мирно море. Луѓето со кои се зближувате во текот на пролетта ќе ви донесат многу забава и мудрост до летото. На 1 јули одвојте време да размислите за тоа како да комуницирате во врската и потрудете се да бидете задоволни. Во текот на целата година нема да бидете премногу зафатени со никакви романтични партнери. Но, тоа е во ред – не секоја потенцијална врска се совпаѓа со личноста која си ја замислувате.
ВОДОЛИЈА
Генерално
Отсекогаш сте биле најпаметниот знак во Зодијакот, но вашите зборови и постапки ќе имаат дополнителна тежина кога Плутон ќе влезе во вашиот знак во март. Ќе имате волја каква што досега не сте почувствувале и подготвени сте да добиете што сакате. Но, едно предупредување: многу е лесно да станете барани но немилосрдни на патот по кој одите, затоа обидете се да не ги нервирате луѓето што ги среќавате.
Финансии
Сатурн пристигнува во вашата приходна зона во март и останува таму во следните три години. Тоа ќе ви помогне да ги усогласите вашите вредности и да постигнете финансиска стабилност. Не заборавајте да ги рангирате вашите приоритети, а интегритетот ќе се исплати. Младата Месечина во Риби на 20 февруари ќе ви помогне да се фокусирате на она што е вредно.
Љубов
Вие сте бунтовник и 2023 година не е исклучок. Годината започнува со ретрограден Марс и повеќето од вашите флертувања ќе бидат ставени на мирување или ќе ја прекинете врската која едноставно веќе не функционира. Околу 13-ти и 14-ти јули, можеби ќе бидете природно загреани да барате сопствена независност – вие не сте ничиј трофеј. На крајот на летото можно е да ја напуштите врската која повеќе не ви одговара. Ако поминувате низ раскинување, обидете се да не скокате од една врска во друга. До зимата, подобро ќе ги разберете сите придобивки од раскинувањето.
РИБИ
Генерално
Искрено, нема никој како вас, Риби! И оваа година ве учи да го удвоите тоа што го имате без двоумење. Март може да биде тежок месец, како и октомври. Но, држете се до сопствените вредности, емоции и не плашете се да изразите кои сте и како се чувствувате. Време е луѓето да го запознаат вистинското ваше лице!
Финансии
Желбата е клучот! Во првата половина од годината Јупитер ќе биде во вашата приходна зона и соништата ќе мора да ги сместите во рамките на финансиската стабилност. Во ред е да бидете нервозни кога ќе тргнете по патот на она што го сакате, но тргнете по тоа што го сакате! Нека универзумот ве фати во слободен пад.
Љубов
Тивкиот почеток на новата година ќе почне да се менува на 26 март. Засадете ги вашите семиња за да можете да ги жнеете плодовите на љубовта на почетокот на летото. На 1 јули, подгответе се да споделите некои посебни моменти, но не грижете се – ќесе чувствувате навистина убаво. Ова е време да разговарате за она што ви е на ум, особено ако некому му кажувате колку се грижите за него. На крајот на летото треба да размислува за се што се случило. Ако сте ги откриле вашите желби и сте поставиле граници, тогаш сте на врвот на светот!