3.8 C
Скопје
06:14 - 21 декември, 2024

Ефектите од полната Месечина во Лав врз хороскопските знаци: Бикот-најпогоден, неодоливост за Раковите, автодеструктивност за Скорпиите…

Во недела, односно денес, на 5 февруари 2023 година околу 19:30 часот ќе имаме полна Месечина во хороскопскиот знак Лав: нема да се плашиме да ги изразиме нашите најсилни потреби.

Лавот е знакот поврзан со Сонцето, така што Месечината нема добра поставеност. Тоа е машка, експлозивна Месечина која не се согласува да остане во сенка.

Хороскопските знаци кои најмногу ќе ги погоди оваа полна Месечина ќе бидат фиксните знаци: Бик, Лав, Водолија и Скорпија особено за оние родени во втората половина од месеците.

Овен

Во овој период се чувствувате силно и самоуверено, па полната Месечина во Лав од една страна би можела да ве направи уште похрабри, а од друга страна да претерате со преценување на вашите енергии и да направите голема грешка.

Бик

Вие ќе бидете еден од најпогодените знаци од оваа полна Месечина. Не е лошо да сфативте дека работите мора да се кажат јасно, а не заокружено, затоа кажете ги баш така – без да се заобиколувате премногу. Порано или подоцна секоја тајна или лага излегуваат на површина, а така ќе биде и со оваа полна Месечина, па ќе се чувствувате лошо поради тоа.

Близнаци

Енергиите на полната Месечина ќе се обединат со оние на Марс. Очекувајте огромна енергија која мора да ја канализирате во нов проект или креативно хоби. Ќе добиете зачудувачки инстинкт, импулс и подготвеност за борба.

Рак

За вас кои сте управувани од Месечината, сите силни лунарни фази како оваа се инспиративни. Сега, сепак, можете да уживате во женствениот и сензуалниот дел од оваа полна Месечина во Лав. Затоа, магнетски привлечни, излезете и слободно заведувајте!

Лав

Месечината токму во вашиот хороскопски знак ве прави емотивни и уште попребирливи. Не правите компромиси – и не треба да правите!- и би се рекло дека добро ќе ви оди после толку месеци во кои моравте да се справите со ограничувања и длабоки прашања.

Девица

Периодот не е многу лесен за вас, во комбинација со Венера и Марс кои ја доведуваат во прашање вашата емоционална стабилност. Полната Месечина ќе ги истакне вашите вистински потреби, можеби со некои турбуленции.

Вага

Останете под контрола на ситуацијата, бидејќи оваа полна Месечина може да биде уште пофрустрирачка и инхибирачка. Повеќе од она што Марс веќе ви го прави во последно време! Затоа силно стегнете ги уздите во ваши раце врз вашиот живот и не прифаќајте совети од страна.

Шкорпија

Навистина изгледа дека оваа полна Месечина е лута на вас, и дека сака да донесувате одлуки со кои ќе си ги поткопате темелите на сопствената куќа, но и на работното место. Затоа, мора да ја спречите сопствената автодеструктивност и не носете никакви одлуки!

Стрелец

Не е лесно време за вас, а полната Месечина не помага да се смири. Но, би можеле да го искористите овој емоционален излив за да ги поставите вашите приоритети кои во моментов секако ви се разместени.

Јарец

Оваа полна Месечина ќе биде добра можност да ги измешате разумот и емоциите, искористувајќи го Меркур кој е во вашиот хороскопски знак неколку недели, засилувајќи го чувството на контрола и луцидност. Во секој случај поволно ќе делува особено на работното место.

Водолија

Време е да се ослободите и да се соочите со вашите најдлабоки потреби. Вие, кои често се држите подалеку од емоциите, сега ќе мора да нурнете длабоко во срцето, дури и ако тоа значи напуштање на удобната зона.

Риби

Оваа полна Месечина не влијае многу на вас, фокусирани сте на потребата да ја барате вашата хармонија внатре и надвор од вас. И ќе успеете во тоа.

Џекпот: Два хороскопски знаци ќе уживаат во пари следната недела

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....