21.8 C
Скопје
18:14 - 5 април, 2026

Духови од минатото: Два хороскопски знаци ќе бидат пред искушение до крајот на неделата

Астролозите именуваа два знаци од Зодијакот кој од денес (среда) па до самиот крај на викендот ќе се изненадат – едни во сферата на љубовта, а другите во професионалната сфера.

Ако мислевте дека сте ставиле точка на некоја мината врска, или на мината деловна соработка, размислете уште еднаш…

Кои два хороскопски знаци ќе бидат ставени во ваква ситуација, прочитајте во продолжение.

Вага

Вагите важат за луѓе кои кога еднаш ќе стават точка на нешто, тоа значи дека навистина е крај. Но овојпат ќе се изненадат и од самите себе, не само од чудната ситуација во која ќе се најдат, туку и од тоа како ќе реагираат на нивниот „дух“ од минатото. Некои Ваги ќе чујат вести за поранешниот партнер/ка кои буквално ќе им го размрдаат тлото под нозе како вистински земјотрес. Други Ваги пак, имаат голема можност да се сретнат случајно со поранешниот партнер/ка (или намерно), а резултатот ќе биде ист – земјотрес. Астролозите советуваат да го слушате само сопственото срце и ниеден друг совет да не примате од страна.

Девица

Астролозите им предвидуваат на Девиците голема можност за обновување на старо партнерство до крајот на неделава. Станува збор за понуда за враќање во фирма во која порано сте работеле, или нова соработка со партнер кој одлично сте соработувале во минатото. Колку и да ве израдува ова, сепак, добро размислете како тоа ќе влијае на вашиот буџет и дали ќе имате иста сигурност како денес. Не залетувајте се, и не подлегнувајте им на емоциите.

Астро прогноза за среда, 4 октомври

Слични објави

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Тори Спелинг и седум деца се повредени во сообраќајна незгода: Нејзината брза реакција спречила поголема трагедија

Т.Ц.
Се вчитува....