Во продолжение дознајте кој лик сте токму вие, зависно од вашиот хороскопски знак.
Основните карактеристики на сите хороскопски знаци многу лесно можат да се поврзат со омилените ликови од најубавите божиќни играни и анимирани филмови.
Во продолжение дознајте кој лик сте токму вие, зависно од вашиот хороскопски знак, па забавувајте се анализирајќи го овој интересен божиќно-филмски хороскоп.
Овен – Ралфи („Божиќна приказна“, 1983 година)
Разиграната природа на Овните е еден од најголемите квалитети поради кои другите луѓе најмногу ги обожаваат. Токму како и Ралфи, Овните понекогаш знаат да бидат палави и во потрага по добра забава во својот омилен двор.
Бик – Кевин Мекалистер („Сам дома“, 1992 година)
Самостојни сте, независни и не се плашите од какви било предизвици и токму поради тоа сите свои проблеми настојувате да ги решавате сами. Едноставно не постои нешто што може да ве совлада. Вие сте како малиот Кевин, кој сам ги надмудри крадците кои се обидоа да влезат во неговиот дом.
Близнаци – Бади („Џуџе“, 2003 година)
Токму како и Бади, често знае да ве понесе вашиот ентузијам, кој другите понекогаш не го разбираат. Во текот на празничниот период во вас владее несекојдневна возбуда, па едноставно не можете да ја тргнете насмевката од лицето.
Рак – Херми („Рудолф, ирвасот со црвен нос“, 1964 година)
Херми е мало џуџе, но тоа не ужива правејќи играчки. Наместо тоа, Херми сака да стане стоматолог и затоа е предмет на потсмев меѓу другите џуџиња. Како и Херми, Раковите не живеат онака како што другите очекуваат. Тие секогаш го следат своето срце и живеат онака како што само ним им одговара најмногу.
Лав – Рудолф („Рудолф, ирвасот со црвен нос“, 1998 година)
Лавовите не се срамат од своите специфични особини, она поради кое се истакнуваат од останатите. Рудолф и неговите пријатели ирваси се исфрлени од друштвото поради црвениот нос, но тој поради тоа не престанува да ги следи своите соништа. Лавовите, токму како и Рудолф, се опкружуваат со луѓе кои ги сакаат поради тоа што се уникатни и различни од останатите.
Девица – Гринч („Како Гринч го украде Божиќ“, 2000 година)
Наизглед ладен и помалку груб, Гринч во себе крие големо и добро срце. Иако на почетокот не му дозволува никому да му се приближи и да види колку тој всушност е чувствителен, на крај сепак им се препушта на празничните прослави и љубовта на другите. Такви се и Девиците, кои длабоко во себе сфаќаат дека отворањето на срцето кон другите често е најхрабрата и најубавата работа која можат да ја направат.
Вага – Фрости („Снешкото Фрости“, 1969 година)
Токму како и преслаткиот снешко Фрости, слично и Вагите само сакаат да шират љубов и задоволство во празничните денови. Меѓутоа, понекогаш сами забораваат да уживуваат во моментот, поради тоа што се премногу фокусирани на среќата на другите луѓе.
Скорпија – Храброто момче („Поларен експрес“, 2004 година)
Храброто момче од „Поларен експрес“ поради својот песимистичен став не верува во божиќната магија и поради тоа пропушта многу убави работи. Истото ова важи и за Скорпиите, кои понекогаш премногу анализираат, со желба себеси да си докажат дали нешто е вистинито или пак не. Меѓутоа, зошто потребата од анализи? Некогаш едноставно треба да му се препуштиме на моментот и на чувствата, бидејќи тоа може да ни донесе само убави работи.
Стрелец – Бернард („Чудесен Божиќ“, 1994 година)
Како Бернард, така и Стрелците ги следат своите правила и трошат многу време размислувајќи за пречките кои им застанале на патот до целта. Бернард во филмот научи дека понекогаш мора внимателно да ги планира работите, но тоа не значи дека тие ќе се случат онака како што тој замислил. Не дозволувајте таквите работи да ви ја уништат забавата.
Јарец – Линус („Божиќниот ден на Чарли Браун“, 1965 година)
Луѓето секогаш им се доверуваат на Јарците во моменти кога нешто ќе тргне по зло. Ова е сосема логично бидејќи Јарецот по природа е сериозен и смирен. Така и друштвото на Линус има доверба во него и се потпираат на неговите разумни совети.
Водолија – (Дедо Мраз од сите филмови година)
Не е познато кој хороскопски знак е Дедо Мраз, но во однос на неговите карактеристики, се претпоставува дека е Водолијата. Добродушен и дарежлив авантурист кој патува по светот и развеселува други луѓе? Да, тоа се главни карактеристики на Водолиите.
Риба – Синди („Како Гринч го украде Божиќ“, 2000 година)
Малата Синди е месечар, токму како и рибите. Таа живее во облаци, деноноќно ја сонува магијата на божиќните празници и ништо не може да ја спречи во тоа. Можеби некој ќе ве предупреди да се спуштите малку на земја, но слободно игнорирајте ги таквите совети, бидејќи празничниот период е создаден за сонување.