22.8 C
Скопје
17:02 - 27 април, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 30 НОЕМВРИ: Ќе доживеете промени на добро

дневен хороскоп

Овен

Имате финансиски проблеми кои од ден на ден сѐ повеќе ве оптоваруваат. Ви претстои неповолен период на работа. На емотивно поле, можно е да излезат силни пречки за да воспоставите врска со личност која ви се допаѓа бидејќи вие не сте слободни. Тука ќе бидете немоќни, не знаете како да го изменаџирате тоа. Стресот ви штети.

Бик

На деловно поле мора да ја промените стратегијата ако сакате да ја подобрите работата. Изненадете ги соработниците со различни сугестии. Потребно е да ги усогласите своите мисли и чувства, за да ја стабилизирате емотивната врска. Понекогаш ја оценувате строго целата ваша љубовна ситуација и животот што го водите.

Близнаци

Или сте многу нервозни од прекумерна работа или сте во депресија поради некои неостварени соништа. Правете го тоа што го сакате. Ако сте осамени, понекогаш навистина се однесувате во стилот на песната „подобро да си пијан отколку стар“. Имате страв од некои тешки болести, негативни мисли ве мачат. Нема ништо од тоа, бидете спокојни.

Рак

Имате заштита од една влијателна личност на работа. На емотивно поле, подобро се чувствувате кога сте во постојана, стабилна врска, отколку во врска која е површна и здодевна, исцрпувачка. Затоа, крајно време е да ја официјализирате врската. Совет и здравје: Држете се до советите на лекарите, не правете ништо на своја рака.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (30 НОЕМВРИ – 5 ДЕКЕМВРИ): Мали расправии и голема љубов

Лав

Денес потрудете се да завршите сѐ, бидејќи ве очекува нов почеток кој носи нови предизвици. Во љубовта, сами тајно страдате по некого, а истовремено не сте храбри да се соочите со таа вистина, а уште повеќе, немате ниту храброст да ѝ кажете на таа личност што чувствувате. Вие добро се чувствувате единствено кога сте емотивно стабилни.

Девица

Пред вас е период одличен за патување. Ако патувате далеку, подгответе доста пари, бидејќи ќе останете подолго. На емотивно поле, ќе влезете во љубовна врска со личност која е многу морална и која може да ви го промени животот на подобро, да ве извлече од лошите мисли. Ќе доживеете промени на добро во вашиот живот.

Вага

Сакате да се докажувате по секоја цена, но на тој начин би можеле да ги уништите односите што ги имате со колегите. Обидете се да го игнорирате мешањето што постои во вашата врска. Љубовта треба да постои само помеѓу вас и вашиот партнер. Изгледа дека ќе останете без пари за некој поголем проект. Внимавајте во што вложувате.

Скорпија

Склони сте кон тоа да влегувате во конфликти со колегите. Можно е да покажувате некои лични фрустрации. Ве оптоваруваат ситниците на деловното поле. Како да не можете да направите сè да биде по ваш терк. Не ви се допаѓа ставот на саканата личност и може да имате бројни расправии со неа.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА НОЕМВРИ: Нè очекува љубовен и бурен месец

Стрелец

Не знаете да ги покажете чувствата на вистински начин и се однесувате нервозно пред партнерот. Сметате дека дошло времето полека да ја менувате вашата деловна стратегија бидејќи се промениле и вашите околности. Потребна ви е поголема флексибилност во комуникацијата со партнерот. Често сте склони кон кавги.

Јарец

Поволен ден е пред вас. Работите ќе ви одат од рака и ќе бидете генерално задоволни. Ве очекува можност за влегување во нова врска. На самиот почеток на врската ќе бидете доста скептични и неповерливи, но другата страна ќе ве разувери. Немојте премногу да се потпирате на другите луѓе кога е во прашање работата.

Водолија

Се наоѓате пред нова деловна одлука. Можеби ќе имате можност да го промените работното место. На емотивно поле, можно е да има некои проблеми помеѓу вас и саканата личност кои останале нерешени од некој претходен период. И покрај проблемите, вие сте полни со енергија и имате доволно храброст и мотивација за сѐ.

Риби

Мора да го контролирате бесот што веќе неколку дена го држите во себе. На деловно поле, подготвени сте за експлозивен напад, но не напаѓајте ги соработниците, за да не направите катастрофална грешка. На емотивно поле, имате некоја нерешена емотивна ситуација, за која треба вие лично да се потрудите да се реши.

Слични објави

(Фото) Саша Ковачевиќ на романтично патување со девојката: Силно ја гушка, а таа никогаш посреќна

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев: Тироидектомија – отстранување на тироидната жлезда

еспресо

Еве што велат сараевчани за Харис Џиновиќ по разводот од Мелина: „Лош човек, го кренал носот…“

еспресо

Неделен хороскоп (од 29 април до 5 мај): Посебни мигови за Јарците, љубов за Биковите, одлично за Близнаците…

еспресо

(Фото) Силни зборови на Драгана Мирковиќ по разводот: „Многу сум посилна отколку што мислев, се сакам новата себе!“

еспресо

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо
Се вчитува....