5.8 C
Скопје
23:52 - 28 ноември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 25 ОКТОМВРИ: Денес, сѐ што ќе сакате да направите за вашиот партнер ќе биде совршено

дневен хороскоп

Овен

Би можеле многу повеќе да заработите кога би покажале поголема иницијатива во работата. Фокусирајте се на приватниот живот кој во последно време го запоставивте. Во љубовта ова е добар ден за интимност и активности во пар. Доколку не сте во врска, некој од вашите пријатели ќе сака да ве запознае со некоја интересна личност, прифатете ја понудата.

Бик

Многу нешта можат да предизвикаат тага во љубовта, но само една ситница може да направи совршена романтична вечер. Денес ќе уживате во сите романтични гестови и нежности на саканата личност. Атмосферата едноставно ќе биде восхитувачка, и двајцата ќе бидете на седмо небо. Тоа ќе ви биде поттик повеќе да работите на вашата врска.

Близнаци

Денес, сѐ што ќе сакате да направите за вашиот партнер ќе биде совршено. Би можело ова да биде ден кога ќе можете да се искажете себе во најдоброто можно светло, што ќе го привлече токму оној што го сакате. Ако сте сингл, можно е да ви се допадне некој на прв поглед и да помислите дека сте создадени еден за друг. Убав ден за вас.

Рак

Ќе имате можност за разни социјални активности. Огромна хармоничка енергија ќе биде насекаде околу вас и ќе создаде совршен услов за запознавање на некој пособен или за вечера со партнерот. Ова не е ден кога треба да останете дома. Бидете активни, бидејќи колку што повеќе луѓе ќе запознаете, дотолку подобро ќе се чувствувате.

Лав

Ќе владее хармонична и разиграна атмосфера на работата. Денес ќе блескате во секој вид на врска – и на деловно и на емотивно поле. Ќе бидете во можност да разговарате со вистинските луѓе на вистинското место, а потоа да донесете одлука каде и со кого вечер ќе излезете. Не сте ни свесни колку влијание имате.

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ: Што велат планетите во полето на љубовта и кариерата

Девица

Најголемиот дел од денот ќе го поминете одлично расположени. Ако евентуално имате тешкотии во моменталната врска, тогаш свртете се на тој проблем и пронајдете начин да го решите. Излезете и добро поминете си, бидејќи тоа ќе ви ја разбистри главата и ќе ви биде појасно што сакате и како да го решите проблемот.

Вага

Денешниот ден посветете го на саканата личност. Ќе има многи смеење и забава во тоа пријатно интимно опкружување. Вие двајца заслужувате малку приватност. Тоа ќе ви ја освежи врската и уште повеќе ќе ве зближи. Понекогаш мора да се осамите на момент за да откриете колку се давате себеси.

Скорпија

Денес е убав ден за вас. Денот ќе биде исполнет со опоен оптимизам. Ќе имате извонредна можност да запознаете луѓе кои ги делат вашите соништа и креативност. Ако имате домашна задача, сега е време да ја завршите за да не ви тежи во текот на целата недела. Обрнете внимание на здравјето, го запоставивте.

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП (18 ДО 24 ОКТОМВРИ): Повлекување кон домот и решенија во љубовта

Стрелец

Денес ќе ја покренете магијата на што и да допрете. Така вешто ќе манипулирате со зборовите, така што другите ќе го слушнат токму она што сакаат да го слушнат. Ќе бидeте дури во состојба нешто што е апсолутно невозможно да го претставите како многу возможно. Но, не претерувајте, бидејќи саканата личност многу добро ве познава.

Јарец

Ова е ден на магија, фантазија, поезија, љубов, емоции, романтика… Ќе бидете во можност да ја искористите силата на таа атмосфера каде и да тргнете. Насекаде ќе оставате одличен впечаток, па затоа немојте да се двоумите да го прифатите повикот на една личност и да уживате во романтичната вечера.

Водолија

Нема да сакате да заминете од некаде, а да не го кажете она што го имате на душата. Доколку не сте биле искрени во последно време, ова ќе биде вистинска можност за тоа. Обрнете внимание на чувствата на другите личности во вашето опкружување, бидејќи можете да доживеете негативен однос од нив.

Риби

Работа, работа и само работа – ќе бидете концентрирани само на тоа и така ќе го трошите своето време и енергија. Некои работи нема да бидат онакви какви што вие сакате. Можно е да не сте сигурни околу некое преговарање. Проблемот ќе биде во тоа што не ќе можете да се сетитите дали нешто сте рекле или не.

Слични објави

(Видео) Ферхунде на Игор Џамбазов направи хаос во населбата Козле: „Гледајте ја ѕвездата од Дојран…“

Еспресо

(Фото) Младата босанска пејачка непрепознатлива! Џејла направи драстична промена, новата фризура одлично ѝ стои

Еспресо

(Фото) Каков спој! Фотографијата од Драгана Мирковиќ и Мирјана Карановиќ го „запали“ интернетот

Еспресо

Милан Станковиќ ги средил веѓите кај Адактар! Адам шокиран од неговото однесување: „Кога завршивме, се навреди…“

Еспресо

„Се зборува дека имам рак“: Аца Лукас заврши во болница, сега ги откри сите детали 

Еспресо

Кој е новиот дечко на Дара Бубамара? Пејачката вљубена во боксер, помлад од неа

Еспресо
Се вчитува....