3.8 C
Скопје
09:36 - 18 ноември, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 СЕПТЕМВРИ: Разумот ве води во вистинската насока

хороскоп

Овен

Сѐ ви оди полесно од вообичаеното. Една пријателка може многу да ви помогне. Енергични сте и брзо доаѓате до идеи. Што се однесува до љубовта, можни се нови познанства преку пријатели. Оние во врска, најдобро би било да се фокусирате на обврските, но не дозволувајте партнерот да биде запоставен.

 

Бик

Ќе работите без напор и нема да се измачувате со премногу прашања. Имате добра перспектива, позитивен став. На емотивно поле, ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Близнаци

Вашиот знак ќе биде во сферата на заедничките инвестиции и богатството, па ќе ве израдува финансиски успех. Најверојатно ќе добиете парични средства за ваш минат труд или ќе потпишете договор со важен инвеститор. Некои од вас конечно ќе соберат храброст да ги признаат своите чувства, а други ќе станат поблиски со партнерот.

Рак

Разумот ве води во вистинската насока, а и денес среќата дефинитивно е на ваша страна. На работното место ве очекува примамлива можност, само добро размислете дали вреди да ја прифатите. И во љубовта нештата се одлични. Го подобрувате односот со партнерот и полека но сигурно се движите кон заедничките цели.

Лав

Време е да се ставите самите себе на прво место и да се погрижите за она што вие самите го сакате. Престанете да се извинувате ако не можете да им помогнете на луѓето околу вас. Имате добра контрола врз емоциите и не дозволувате да ви го заматат умот. На љубовно поле ви претстои една дилема.

Девица

Имате изразена потреба да избегате од секојдневието, па денес денот е поволен за некое кратко патување каде ќе можете да се „исклучите“ од сé и да се одморите. Потреба ви е голема промена, но почнете со мали чекори. Во љубовта, морате да научите да направите компромис за одредени нешта.

Вага

Доколку планирате да се занимавате со некои приватни и формални прашања, пред вас е многу позитивен ден. Во љубовта сакате некои случувања и доживувања на полето за емоции, самотијата ви здодеала. Слободните ќе се впуштат во страстна врска со лице кое од неодамна го познаваат.

Скорпија

Ќе почувствувате дека љубовта ви станува рутина, па не е лошо да додадете малку „зачини“. Денес ќе бидете повеќе расеани од вообичаеното, и вашите мисли ќе летаат некаде во облаците. Ќе посакате сите обврски да ги завршите сами, но навистина ќе ви биде потребна помош за тоа. Ќе бидете и витални и многу ќе се движите.

Стрелец

Мора да и се посветите максимално на работата доколку сакате да ги остварите зацртаните цели. Во љубовта изладени сте и не се чувствувате исто како порано покрај саканото лице. Некои парови пак, ќе бидат исклучително среќни.

Јарец

Денес сретнете се со лица со кои обично не комуницирате. Време е за нови пријателства или продлабочување на врските со лица кои сте ги запознале неодамна. Некои од вас ќе го добијат повикот кој долго време го очекувале. На почетокот ќе бидете збунети, но на крај, сѐ ќе излезе добро.

Водолија

Се случуваат разни промени кога станува збор за вашата работа, но тоа не ве плаши ниту најмалку. Верувате во позитивниот исход. Доколку сте во врска, со саканото лице ќе имате многу убави интимни моменти. Во љубовта ви следат возбудливи случувања, кои дури и ќе ве изненадат.

Риби

Денес ќе бидете спонтани и благодарение на тоа, ќе нижите незаборавни моменти. Никој нема да може да ви ја скроти желбата за забава. Гледајте го партнерот низ романтично светло. Навратете се на спомените и видете дали уште постои онаа слатка карактеристика која ве привлече кон него на почетокот.

Слични објави

(Фото+видео) Данката Викторија прогласена за најубава жена на светот на Мис Универзум 2024!

Еспресо

Хороскоп за 18 ноември: Раковите ќе живеат од љубов, Лавовите ќе бидат пофалени на работа

Еспресо

(Видео) Сека Алексиќ гола во када прекриена со пена: Дали сум нормална?!

Еспресо

Шокантна одлука на поранешната членка на „Харикејн“: „Се повлекувам од естрадата за да не се оболам психички“

Еспресо

(Фото) Станија провоцира: Старлетата позира топлес, на неа само минијатурна танга

Еспресо

(Видео) Лепа Брена се „скрши“ на концерот во родниот град: Пејачката во солзи, ѝ носеа вода, а брзата помош беше на готовност

Еспресо
Се вчитува....