00:27 - 5 април, 2026

Астропрогноза за четврток, 11 април: Лавовите непобедливи, Вагите да внимаваат на повреда

Овен

Доколку претходните денови се докажавте на најдобар начин, време е да се израдувате на наградата. На овој ден има можност да ја подобрите финансиската состојба.

Бик

Колку можете да се скриете зад грбот на вашите пријатели? Не треба тоа да го правите денес. Смело преземете ги уздите на моќта во вашите силни раце и тогаш ќе можете да се справите со секоја задача.

Близнаци

Помина само половина недела, а се добива впечаток дека силата ви е при крај. Затоа, во ред е ако го споделите товарот со колегите.

Рак

Можеби втората половина од неделата нема да биде толку активна како нејзиниот почеток, но сепак имате сила. Вреди да се фокусирате на колективните работи денес.

Лав

Денес, без многу напор и труд, ќе можете да ги престигнете сите ваши ривали и да излезете на врвот. Ова е ваш ден.

Девица

Прекрасна можност да го надополните вашето и онака неограничено знаење – време е за духовен и интелектуален развој.

Вага

Денес, ризикот од здобивање телесна повреда е зголемен. Нема потреба да се плашите, само бидете повнимателни и внимавајте на вашата безбедност.

Шкорпија

Втората половина од работната недела ќе биде посветена на колективна работа – бидете поблиску до колегите, а успехот сигурно ќе ве очекува.

Стрелец

Почетокот на неделата ви беше плоден, доколку, се разбира, не бевте без работа. Разиграната креативност сега е заменета со здодевна рутина.

Јарец

Денешниот ден сигурно ќе биде поволен за вас, дури и ако вашата работа на никаков начин не е поврзана со креативноста. И ако е поврзана, тогаш уште повеќе ќе успеете.

Водолија

Денес вреди да го насочите вниманието на домашните и семејните проблеми, зашто мала е веројатноста да постигнете големи победи во канцеларија.

Риби

Вреди да се слуша за што зборуваат вашите пријатели и познаници, какви информации се пласираатоколу вас… Можеби ќе најдете интересни информации кои ќе ви донесат успех.

 

Слични објави

Килијан Мбапе и Естер Експозито ги разгореа гласините дека се во врска откако испија кафе заедно

Т.Ц.

(Предлог филм за саботна вечер) Романса како таа на Хемфри Богарт и Лорин Бекол во „Казабланка“ тешко дека може да се повтори

Т.Ц.

Слобода Миќаловиќ и Војин Ќетковиќ трипати застанале заедно пред олтарот – погледнете како изгледале на вистинската венчавка

Т.Ц.

Што јадат астронаутите од мисијата Артемис, кои тргнаа кон Месечината и кои лични предмети ги понеле со себе

Т.Ц.

Оженет и пресреќен поради синот: Поранешниот дечко на Милица Тодоровиќ откри во какви односи е со пејачката после сè

Е.А.

Внесете го велигденскиот дух во сечиј дом, подарете светлина што има значење

Еспресо
Се вчитува....