3.8 C
Скопје
22:45 - 20 декември, 2024

Астрологијата открива која е вашата мрачна страна според хороскопскиот знак

Многу често кога читате за вашиот хороскопски знак станува збор за совети, забава или нешто што ќе ве натера да размислите. Но тоа не е сè што ѕвездите откриваат за вас, бидејќи секој знак има и мрачна страна. Покрај позитивните карактеристики на вашиот знак кои сигурно веќе ги знаете, постојат и неколку негативни. Секој може да биде морничав на свој начин, а во продолжение откријте го вашиот.

Овен: Насилство
Вие сте тврдоглави, а вашите енергија и ентузијазам лесно можат да се претворат во насилство. Можеби ќе сфатите дека ви е потребна помош да се справите со вашиот гнев. Малку сте опседнати со идејата сè да биде по ваше, особено кога ќе се случи нешто погрешно. Но ова само им предизвикува неудобност на вашите сакани. Тие ве гледаат како бомба која треба да експлодира во секој момент. Вашите непредвидливи промени во расположението можат да ве натераат да направите нешта за кои подоцна ќе зажалите, па затоа бидете внимателни.

Бик: Посесивност
Вие сте истрајни, материјалисти и сентиментални. Овие одлики не ви дозволуваат да заборавите некои нешта и колку повеќе се грижите за нив, толку потврдоглаво го браните вашето право да ги поседувате. Речиси очајно имате потреба да ги задржите нештата онакви какви што се, а ова понекогаш наликува на опсесија. Имате проблем со поминувањето на туѓите граници и знаете да претерате, особено кога е во прашање вашето срце. Можно е дури и да ја следите личноста која ви се допаѓа или со која раскинувате. Исто така обидете се да престанете да собирате секакви работи. Никој не сака соба натрупана со нешта што кажуваат дека не можете да се одделите од нив.

Близнаци: Дволичност
Вашата двојна личност може да го претвори смеењето во плачење, дури и кога ништо не се случило. Ова прави другите да се чувствуваат неудобно бидејќи не се сигурни што да очекуваат. Исто така тешко ви е да бидете лојални и искрени бидејќи не можете да престанете да зборувате за другите зад нивниот грб. За жал, ова ги повредува вашите пријатели и тие не можат да ви веруваат.

Рак: Комплекс на маченик
Вие би направиле сè за саканите личности, а истовремено верувате дека заслужувате повеќе од она што го добивате од нив. Толку многу сакате да бидете жртва што намерно им дозволувате на другите да ве газат. Никогаш не истапувате за себе и бидејќи сакате да ве сожалуваат, често правите нештата да изгледаат полоши отколку што навистина се. На овој начин ја зајакнувате вашата перцепција за себе како силна личност која се грижи и страда. Го користите ова за да им се доближите на луѓето, а кога се чувствувате лошо секогаш ги користите овие чувства во ваша корист.

Лав: Нарцисоиднос
Вие имате огромно его и сте убедени дека сте над сите други. Можете да бидете добри и шармантни, но мора да бидете во центарот на вниманието. Во спротивно ќе го покажете вашето вистинско лице и ситуацијата може да се влоши. Вашата желба за драматичен живот ве тера намерно да правите сцени со цел да добиете внимание. Не ви е грижа како се чувствуваат другите и само сакате да бидете центарот на случувањата.

Девица: Желба за контрола
Вашата посветеност е претерана и никогаш не престанувате. Вашиот перфекционизам ве тера да планирате и да контролира сè, без да прашате некој друг за мислење. Штом нешто ќе започне, нема враќање назад. Вашиот ум не ви го дозволува тоа, без разлика колкава цена треба да платите. Вие сте убедени дека ова е посветеност, но всушност не е. Сè што претставува ова однесување е вашата огромна желба за лична контрола.

Вага: Емпатија за ужасни луѓе
Емпатијата и чувството за правда ги користите дури и кај погрешните луѓе. Горди сте на тоа што сте сигурни во вашите одлуки и убедени сте дека сте во право, без разлика дали одлуките се лоши или добри. Сакате да имате мирен живот, но оваа добрина е заснована на способноста да се сочувствувате дури и со најзлобните луѓе. Понекогаш ова значи дека треба да бидете во кожата на некој чии морали ве застрашуваат, само за да знаете што точно му е потребно за да ве консумира.

Скорпија: Ентузијазам за ужасни нешта
Нештата што ве интересираат и што ве мотивираат се надвор од граница бидејќи колку поразочарувачко е нешто, толку повеќе ве привлекува и одбива истовремено. Кога ќе се случи нешто лошо, во вас како да почнува да гори оган. Фасцинирани сте од криминал, трагедија и табуа, а вашата реакција на овие нешта понекогаш е загрижувачка. Кога нешто ви пречи, не само што се разочарувате, туку правите сè за да го уништите тоа.

Стрелец: Совршен лидер на култ
Вие сте инспиративен лидер чии желби и жед за нови идеи ви помогнале да направите огромна мрежа пријатели кој би ве следеле насекаде. Ако нештата можат да се одвиваат како што сакате, би го оставиле зад себе обичниот свет, би собрале следбеници и би го напуштиле животот на нормалното и одговорностите. Оваа способност да заборавите на сè значи и дека понекогаш прелесно се откажувате од работите. Кај вас нема никакво чувство на приврзаност, па кога ќе се одлучите за промена ништо не ве држи назад.

Јарец: Амбициозност без емоции
Вие ќе направите сè за само да се придвижите напред. Ќе го направите и дополнителен чекор и не ви е грижа ако тоа го направите на туѓа сметка. Вашиот недостаток од емоции значи дека најчесто не ви е грижа за другите луѓе. Поради ова во процесот разочарувате и повредувате многу луѓе, но вам не ви е грижа сè додека се настрана од вашиот пат.

Водолија: Бесрамност
Вашата желба да завршите нешто целосно игнорира какво влијание има тоа на луѓето и ситуациите во процесот. Во најдобар случај, вашите методи за спасување на светот се неконвенционални. Ова значи дека вложувате премногу напор во нешто што нема да направи никаква реална промена. Убедени сте дека сте му потребни на светот и не ви е важно што мислат другите. Немате време да се грижите за другите бидејќи секогаш сте во право, а тие ќе го надминат тоа.

Риби: Емоционален кошмар
Истите нешта што ве инспирираат да го направите светот подобро место можат да ве однесат и на навистина мрачни места. Ова е особено истакнато доколку верувате дека причината за вашиот гнев покажала несакана суровост кон нешто што ви е драго. Вашите емоции се пресилни, а многу често и целосно ирационални. Иако сте свесни за ова, не можете да престанете да ги обвинувате другите за болката што ја чувствувате. Исто така често се криете и одлучувате да ги игнорирате луѓето околу вас.

Слични објави

„Јас не можам да пеам!“: Јелена Розга ги одложи концертите во Белград поради трагедијата во Загреб

Еспресо

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо
Се вчитува....