16.8 C
Скопје
17:30 - 2 ноември, 2024

Астро прогноза за среда, 14 септември

Овен

Ако случајно се најдете во вистинското време и на вистинското место, ве очекува деловен профит или некаков вид јавно признание. Успехот произлегува од добрите подготовки. Проценете ја вашата улога и место во редовите на соработка. Во љубовта, важно е да постапувате магично и афирмативно врз партнерот.

Бик

Ќе помогнете некому кој ќе ви биде многу благодарен за овој гест. На работното место ќе научите нови работи што сигурно ќе ви се најдат во иднина. Ако сте сингл, ќе имате можност да го подобрите љубовниот живот. Ве интересира една личност од ваше опкружување. Ослободете се од сомнежите и верувајте во себе.

Близнаци

Средбата со една личност има поучен ефект врз вашиот начин на размислување. Затоа, обрнете внимание на новите информации што откриваат важни детали за деловната соработка. Покажете поголема селективност во размислувањето. Веднаш не ја прифаќајте пружената рака, не знаете што ќе добиете од понуденото.

Рак

Имате добро претчувство и со нетрпение го исчекувате деловниот разговор со влијателна личност. Важно е правилно да ги потенцирате вашите професионални способности, но не и да загрозувате нечии интереси. Поттикнете го кај себе истражувачкиот дух и смислата за добар вкус во многуте ситуации во приватниот живот.

Лав

Важно е да исполнувате различни очекувања на добар професионален начин. Пружете му на вашето семејство или на саканата личност многу радости и повеќе од добра забава. Со искрени намери израдувајте ја личноста за која имате силни чувства. Ќе уживате во емотивна средба и некоја омилена забава. Парична добивка.

Девица

Некој го нарушува вашиот деловен концепт, затоа сте принудени да најдете заобиколно решение. Понекогаш е тешко да се усогласат различните интереси и заедничкиот деловен ритам. Емоционално сте вознемирени. Сакате да оставите позитивен впечаток на личноста што ја сакате, но не можете да го најдете начинот.

Вага

Во согласност со емотивната инспирација што ја чувствувате, искористете ги своите заводливи способности. Некој, кој до вчера бил секогаш на вашата страна и ве поддржувал, сега може да стане ваш критичар и да ве осудува. Наместо да возвраќате на ударот, послушајте што ќе ви каже.

Скорпија

Вашите претпоставени би можеле пред вас да претстават еден предлог што е малку чуден. Прво добро размислете, а потоа дебатирајте за него. Саканата личност ќе ве изненади со една понуда што не сте ја очекувале ниту насон. Каква и да е понудата, сигурно е дека многу ќе ве израдува!

Стрелец

На деловно поле, вашата креативна страна е нагласена па ќе пронајдете неколку добри решение за вашето напредување. На емотивно поле, колку и да се трудите, секогаш ви е тешко да ги искажете искрените чувства пред партнерот. Ниту, пак, тој ви помага во тоа со неговото однесување. Премногу е инертен.

Јарец

Денес, не дозволувајте некој од помалку себични мотиви да ја попречува вашата волја и право да направите емотивни избори. На крајот, заклучувате дека сепак заслужувате подобар или поубав третман и однос. Поради емотивната несигурност понекогаш делувате строго и со премногу барања кон саканата личност.

Водолија

Вие сте во некој ваш свет и се исклучувате од надворешните случувања. Околината е малку изненадена од тоа, но вие не чувствувате потреба да ги објасните причините за тоа што ви се случува. Овој пат решивте никому да не давате објаснување за ништо. Сами се борите за сѐ и ќе успеете.

Риби

Конечно треба добро да размислите за минатото и да сфатите каде сте згрешиле, но сепак, време е да се свртите кон иднината. Денес е можна тајна средба која ќе разбуди емоции кај вас и ќе ви даде нова надеж. Ве очекува финансиска добивка. Ве очекува некој дополнителен хонорар или враќање долг на кој сте заборавиле.

Слични објави

Внука на познатата српска пејачка е меѓу загинатите во страотната несреќа во Нови Сад

Еспресо

(Фото) Нема да ви се верува! Сузана Манчиќ со една фотографија предизвика бура на социјалните мрежи

Еспресо

„Длабоко сум потресена, моите мисли се…“: Брена скршена од трагедијата во Нови Сад, објави потресна порака

Еспресо

Хороскоп за 2 ноември: Девиците ќе го шармираат љубовниот партнер, Близнаците ќе бидат иритирани од некоја личност

Еспресо

„Нè натера да гледаме спот на Џенифер Лопез“: Поранешен модел проговори за бизарните забави на Диди

Еспресо

Хелена Роза се прости од Зоки Фаци: „Премногу ќе ми фалиш, Зочко мој!“

Еспресо
Се вчитува....