04:36 - 5 ноември, 2024

Астро прогноза за понеделник, 8 август

Овен

Ажурни сте. Добри сте во брза организација. Ќе бидете подготвени да започнете еден бизнис иако сите мислат дека не е време. Вие сте времето и вие го управувате. Оние кои се слободни мора повеќе да работат околу една личност која многу е повлечена. Овој ден е вистинска можност и за двајцата да бидете емотивни.

Бик

Мислите ви одлетале, некаде далеку. Веќе размислувате за иднината. Имате план кој ќе им го покажете на соработниците. Емотивно сте инспирирани. Добро сте расположени. Партнерот ви дава сигурност. Внимавајте само на прекумерниот апетит.

Близнаци

Побрзајте, повикајте ги сите страни оние со кои имате план за соработка во наредниот период. Оставете сѐ, затоа што веќе следниот ден работата ве повикува. Во љубовта, без разлика дали сте во врска, брак или сингл, се подготвувате максимално да уживате. Тоа ве прави среќни.

Рак

Размислувате за сè. Ќе бидете изложени на притисок бидејќи од следниот месец имате многу работа. Но, сега држите сè во ваши раце. Во љубовта, едвај чекате да се подготвите и да уживате во убава атмосфера со вашите сакани и драги пријатели. Чувствувате некоја латентна меланхолија.

Лав

Полни сте со расположение и со позитивни мисли за успех, чекорите напред. На приватно поле, вие сте во духот на музика, друштво, забава. Што и да чувствувате во моментот кон вашата сакана личност мора да биде најдоброто што е можно. Можеби партнерот ќе ве изненади со запросување.

Девица

Досега работевте сѐ како што треба, почитувајќи ги сите други предлози, желби, услови… Сега веќе одлучивте дека треба вие да си се ставите на прво место. Кренете го гласот, за сите да ве слушнат. Ќе добиете комплименти за вашите идеи, ставови и иницијативи во врска со работата.

Вага

Вие мислите на сè однапред. Еден Бик може да ви биде од голема корист. Ќе имате одлична комуникација и работа со него. На емотивно поле, може да се случи да ја поминете ноќта дома сами со саканата личност, без голем метеж, луѓе, дискусии… Уживајте во заедничките интимни мигови.

Скорпија

Размислувате за една личност со која можете да постигнете одлични деловни резултати. Ќе имате добра заработувачка. Треба да бидете без тешко оптоварување. На емотивно поле, ве очекува романса, љубов и страст. Ќе уживате со саканата личност или во големо друштво. Одлуката ја донесувате заедно.

Стрелец

Ве фаќа паника. Би сакале да завршите сè за половина час, за еден час. Ќе има можности и за тоа. Но, сега фокусирајте се на новиот проект кој ви носи подобра иднина. Во љубовта, ова е ден, ноќ како и сите други. Но, вие го сакате тоа нешто во воздухот. Одлична енергија за сите вљубени.

Јарец

Ќе уживате во љубовната атмосфера, а ѕвездите им се насмевнуваат и на оние кои се сами. На деловно поле, веќе ќе мора сами да донесувате похрабри одлуки за работите да тргнат на подобро. Незадоволни сте и колку и да се обидувате да го скриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто.

Водолија

Следете ја вашата интуиција која ќе ве одведе на место каде ќе ја пронајдете вашата среќа. Семејството веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман, па саканата личниост ќе остане во втор план. Ако се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата енергија.

Риби

Знаете кои се ви се непријатели и затоа игнорирајте ги. Напредувате во секој поглед. Можно е да сте на некого љубоморни или пак, вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми. Потиснете ја љубомората, и вие поубаво ќе се чуствувате.

Слични објави

(Фото) Исончани и заљубени: Мина јавно му порача „те сакам“ на Огњен Амиџиќ

Еспресо

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Еспресо

Хана Хуљиќ ја напушти болницата: Сè се одвивало во тајност, мајката и бебето се чувствуваат одлично

Еспресо

Луѓето бесни на Сека Алексиќ зошто имала настап по трагедијата во Нови Сад, пејачката веднаш се огласи: „Никој не знае да прегрне кога боли“

Еспресо

(Видео) Најслатко нешто: Марија Шерифовиќ објави видео со синот, малиот Марио не се дели од мајка си

Еспресо

Александра Пријовиќ заврши во болница: Морала да прима специјални лекови од Америка

Еспресо
Се вчитува....