2.8 C
Скопје
19:07 - 20 декември, 2024

Астро прогноза за петок, 23 септември

Овен

Слободните денес ќе имаат интересна можност за ново познанство. Во прашање е малку ексцентрична, атрактивна личност која нема да ве остави рамнодушни. Внимавајте во случај да забележите дека е склона да флертува со сите со кои разговара, бидејќи не сте од оние што можат да ја контролираат својата љубомора.

Бик

Како што минува времето, сѐ повеќе имате потреба од засолниште и врска полна со толеранција. Од друга страна, никогаш не сте имале повеќе покани за излегување и дружење. Обидете се да одговорите на некои, но не мора да го правите она што не ви се допаѓа по секоја цена. Следете го срцето и сопствените желби.

Близнаци

Емотивниот живот во овој период може да биде толку бурен што нема да знаете како да се поставите и кому да му дадете предност, бидејќи во последно време имате неколку опции кога станува збор за љубовта. Ако сте во врска или брак, можеби ќе бидете пријатно изненадени од веста за проширување на семејството.

Рак

Заборавете на суетата и идејата дека целиот свет се врти околу вас. Со ваквото однесување ќе предизвикате конфликти со саканата личност, а се заканува и раскинување. Ако сѐ уште не сте во врска, ќе ве привлече личност која е склона кон непотребни ризици и не многу соодветно однесување. Врската со неа нема светла иднина.

Лав

Ако сте во врска, тешко ќе излезете на крај со љубомората што ја чувствувате кон саканата личност. Партнерот е во центарот на вниманието каде и да се појави, што вам ви создава чувство на непријатност. Гледајте на тоа од поведрата страна: личноста што ја сакате ве одбрала токму вас, а не други.

Девица

Ако сте во врска од неодамна, ќе ве депримира сознанието дека партнерот се сели од вашето место, најверојатно во странство. Обидете се да го најдете најдоброто решение – раскинувањето не е една од опциите. Ако сте слободни, ќе ве привлече личност која не живее во ваша близина, па добро размислете пред да започнете врска.

Вага

За вашата популарност ќе придонесе познанството со една влијателна личност. Ѕвездите ви овозможуваат да завршите едно важно купување или финансиска трансакција. Голем дел од денот се занимавате со нешта кои и не се толку важни за вас и вашето секојдневие. Ќе ги решавате туѓи проблеми.

Скорпија

Ако саката да го подобрите љубовниот живот, преземете го првиот чекор. Одличен ден за донесување големи одлуки во врска со работа. Употребете ја целата вештина и способност, ќе ви бидат од корист во наредниот период. Обидете се повеќе да мислите на себе, а помалку да се заморувате со ставовите на другите луѓе.

Стрелец

Насобраните проблеми почнуваат да ве мачат и време е да тргнете во нивно разрешување. Не одете во крајност и однапред планирајте ги своите финансиски потфати. Пред вас е исклучително поволен работен ден кој ветува повеќе отколку што сте претпоставувале. До крајот на денот ви следува пријатно изненадување.

Јарец

Ќе ги спознаете добрите страни на едно пријателство. Од пријателите очекувате премногу. Успешно ќе завршите еден важен разговор или ќе се докажете на состанокот со нови идеи. Искористете го вистинскиот момент и доброто расположение за тимска работа. Бидете позитивни и задржете го сегашното однесување.

Водолија

Немојте да наредувате и заповедате, зошто партнерот би можел да ви ја тресне вратата пред нос. Не залажувајте се со туѓите забелешки, но немојте ниту тврдоглаво да инсистирате на своето. Послушајте ги помудрите и попаметните од себе. Можно е минливо незадоволство со моменталниот работен статус.

Риби

Ќе ве мачат сомневања што не се реални. Фантазијата ви се оттргна од контрола, па зауздајте ја. Работните активности се секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. Нервите ви се чувствителни, па лесно ќе избувнувате. Ќе се вознемирувате и од најмала ситница. Искористете ја добрата меморија, ќе ви помогне во работата.

Слични објави

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо
Се вчитува....