1.8 C
Скопје
19:51 - 28 декември, 2025

Астро прогноза за четврток, 15 декемри

ОВЕН

Овенот ќе мора некому нешто да докаже, велат ѕвездите. Но, бидете предупредени: не претерувајте. На 15 декември ќе ја имате секоја можност да го покажете својот талент и да го зачувате образот.

БИК

Бикот ќе биде посилен од било кога. И во физичка и во морална смисла. Искористете го моментот и не одложувајте за друг ден што може да се направи овој четврток со голем успех, повикуваат ѕвездите.

БЛИЗНАЦИ

На 15 декември Близнаците може да имаат амбициозна идеја. Можеби ќе биде прерано за нејино остварување. Затоа, не земајте при срце ако другите идејата ја доживуваат воздржано.

РАК

На 15 декември Раковите ќе можат да го направат невозможното, велат ѕвездите. Покрај тоа, за ова, најверојатно, нема да бидат потребни ниту асистенти. Тоа е редок ден кога можете сами да направите голем пробив.

ЛАВ

Лавовите ќе треба да обрнат внимание на околината овој четврток. Ѕвездите предупредуваат дека покрај вас може да има поединци кои не заслужуваат голема доверба. Не се опуштајте.

ДЕВИЦА

На Девиците ќе им требаат четири раце на овој ден. Како поинаку да го објасните дека можете во еден ден да ги завршите сите обврски? Побарајте помош од колегите или од блиски членови на семејството, и поставете приоритети.

ВАГА

На 15 декември Вагите треба да бидат, како што велат ѕвездите, поразумни од билокога. Ѕвездите велат дека вашата емотивност може да работи против вас. Затоа останете смирени и донесувајте одлуки слушајќи го само умот.

СКОРПИЈА

Скорпиите ќе бидат одлични во извршувањето на повеќе задачи овој ден, велат ѕвездите. Доколку се случи на 15 декември да добиете интересна, но захтевна понуда, во никој случај не ја одбивајте.

СТРЕЛЕЦ

Стрелецот овој четврток ќе биде ставен пред избор. Но ѕвездите советуваат дека не е ден за дратсични промени. Затоа, што и како да ви изгледа ситуацијата, воздржете се уште малку пред да донесете одлука за која ќе се каете.

ЈАРЕЦ

На 15 декември Јарците треба да бидат максимално фокусирани. Ѕвездите ве предупредуваат дека на овој ден ве чекаат многу задачи. И сите од нив ќе бидат исклучително важни. Подгответе се да ги покажете вашите најдобри квалитети.

ВОДОЛИЈА

Водолијата на овој ден ќе мора да покаже благородност, велат ѕвездите. Меѓутоа, ако се случи некој да ве навреди, а постои шанса за тоа, не обидувајте се да му вратите на ист начин. Бидете пример до крај.

РИБИ

На 15 декември Рибите ги чека богат и успешен ден. Ѕвездите велат дека ќе бидете, како што велат, изненадени од некои ситуации. Сепак, преземете ги и најтешките задачи и не плашете се од одговорност.

Слични објави

„Веќе ги потрошив“: Познат српски пејач откри дека земал бакшиш 60.000 евра за една вечер

Еспресо

Дечкото на Ема Радујко ѝ поставил услови: Пејачката не смее да пее, ниту да се слика провокативно

Еспресо

(Фото) Калиопи има повод за славење: Пејачката денеска полни 59 години!

Еспресо

Нов скандал на Ана Николиќ: Пејачката го нападнала Рале во неговото студио, интервенирала полицијата

Еспресо

(Видео) Џејла Рамовиќ воодушевува со стајлинг во духот на празничното расположение

Еспресо

Хороскоп за 28 декември: Девиците ќе се опоравуваат од неуспешна љубов, Водолиите ќе се чувствуваат осамено

Еспресо
Се вчитува....