12.8 C
Скопје
05:40 - 15 мај, 2024

Со какви проблеми се соочувал Стивен Твич Бос: За депресивни мисли зборувал и отворено – „Тоа е постојана борба во прогрес“

Стивен „tWitch“ Бос пред пет години, пред трагично да си го одземе животот, сподели возбудлива порака за надминување на неговите проблеми со депресијата и кризите.

„Тоа е постојана работа во прогрес“, рече поранешниот диџеј во „шоуто на Елен“ во една епизода од „Подкастот на Обри Маркус“ во 2017 година.

„Ќе донесете одлуки кои можеби изгледаат исправни во тој момент, но тогаш не се. За мене, едноставно ми помага што знам дека животот продолжува – си продолжува, без разлика на се – дури и кога нешто изгледа многу поразително како да постои некаква сила што ќе продолжи да те движи и тука е за природно да ѝ се препуштите.

Бос додаде дека понекогаш размислувал и се прашувал: „Чекај малку, но што беше ова овде што штотуку ми се случи? и потоа „ќе направам избор да останам“ и „да се вратам во шоуто“ на секојдневниот живот.

Се уште не се познати детали со какви тешкотии се справувал популарниот танчер и диџеј, но соевремено тој споделил со сојата публика дека и татковството е уште еден вид на притисок.

„Имам 35 години, татко сум на две деца, јас сум сопруг, така што исто како да имам толку многу животи освен мојот, што морам да направам пресметка за моите избори, за моите постапки“, рече своевремено Бос.

Бос се оженил со сопругата Алисон Холкер во 2013 година. Во времето на интервјуто, тие ја имаа ќерката Весли, сега 14 години, и синот Медокс, сега 6. Подоцна добија уште една ќерка, Заја, сега 3-годишна.

Вчера американските медиуми објавија дека  познатиот диџеј извршил самоубиство. Уметникот бил пронајден мртов во хотел во Лос Анџелес, а полицијата не дозволува пристап во собата во која престојувал за да ги истражат причините за смртта, кои за жал, изгледаат јасни.

Извори од полицијата известуваат дека сопругата пријавила дека нејзиниот сопруг ја напуштил куќата без својот автомобил, што ја вознемирило во вторникот вечерта и не се вратил. Полициската станица во ЛА вчера околу 11:15 часот добила повик од болничарите за пронајдено тело во хотел, тоа бил диџејот Стивен Твич Бос кој се самоубил со истрел од пиштол во главата. На местото на настанот е констатирана смрт.

Се самоуби танчерот Твич, Елен Деџенерис се прости со емотивна порака: „Тој беше чиста љубов…“

Слични објави

Мерил Стрип ја доби почесната Златна палма на отворањето на Канскиот филмски фестивал: „Толку сум среќна што не сте уморни од моето лице“

еспресо

(Фото) Прва фотографија од третиот внук на Цеца, се огласи Анастасија Ражнатовиќ: „Срце теткино“

еспресо

Надвор од Србија: Јелена Карлеуша откри каде ќе го продолжат своето образование нејзините наследнички

Еспресо

Се огласи „Евровизија“: Вистината за дисквалификацијата на Холандија

еспресо

„Ни упадна во становите“: Марко Миљковиќ дивеел, се огласи соседот кој го гаѓаше со јајца

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ добро се испотила, мокрите хеланки ѝ се залепиле за задникот

Еспресо
Се вчитува....