13:38 - 19 декември, 2025

Карлеуша прва му понудила помош на неутешниот Фута: Со овој гест покажа дека сè му простила на Лаќа

Спрската пејачка Јелена Карлеуша со своите постапки покажа дека е одлична личност приватно и дека ги простила сите навреди кои покојниот Лаќа Радуловиќ и ги упатил пред еден месец, пишуваат српските медиуми.

Јелена веднаш откако ја слушнала страшната вест за ненадејната смрт на Лаќа, стапила во контакт со неговиот татко Фута и му понудила секаква помош во овие најтешки моменти во животот.

– Јелена се му прости на Лаќа веднаш после тешките зборови кои тој ѝ ги упати на Твитер. Се што тогаш напиша, нашиша само за да се одбрани од неговите навреди. Не ѝ беше јасно зошто без причина ја навредуваше во пораките и го објави текстот на нејзина необјавена песна, која сепак ќе ја издаде и ќе му ја посвети нему. Сепак, кога Лаќа сфатил дека претерал, ѝ се извинил, и тоа од Израел, а извинувањето таа го прифати. Требаше и да е видат по неговото враќање во Белград, но тоа, за жал, никогаш нема да се случи зашто смртта го претекна. Кога слушна за трагедијата Јелена искрено се потресе и се шокираше, а откако испрати трогателна порака на Инсаграм, веднаш контактираше и со Фута – пренесуваат српските медиуми.

Да потсетиме, Карлеуша по смртта на Лаќа се огласи и се прости од својот соработник и пријател. Во објавата таа откри дека двајцата се смириле и дека Лаќа ѝ се извинил.

– Почивај во мир, драг Лаќа, далеку од „крвавите солзи“ (името на последната песна што ми ја напиша), од несреќа, тага и болка… Сè разбрав и сè простив, а твојата последна порака ќе ја чувам – напиша Карлеуша и додаде:

-Не грижи се, сите ќе ги слушнат последните песни што си ги напишал и сите ќе разберат дека си бил неверојатно талентиран син на мајка ти…талентиран, но роден за друг свет, за друга димензија – напиша Карлеуша и ја објавила пораката на Лаќа во која тој ѝ се извинил.

 

Слични објави

Се колнеме во сѐ што ни е мило: Интимна приказна на Сузана Турунџиева

msp-admin

„Се онесвестив и ја удрив главата во мијалникот“: Сања Маринковиќ доживеала вистински кошмар пред големо патување

Еспресо

(Фото) Уникатна и секси на настап: Каролина Гочева во досега невидено издание

msp-admin

„Полошо е кога те изневерува со ист пол, верувајте ми“: Кија Коцкар за шокантни детали од бракот со Слоба Радановиќ

Еспресо

„Доживеа инфаркт и ми падна во раце“: Ова е најголемата трагедија во животот на Емина Јаховиќ

Еспресо

Не биле блиски: Викторија Лоба проговори за татко ѝ во Русија

msp-admin
Се вчитува....