11:33 - 8 април, 2026

УГИНА НАЈСТАРИОТ БЕЛ НОСОРОГ НА СВЕТОТ: Патувај Ноно Тоби!

носорог

На возраст од 54 години во зоолошка градина на северот на Италија угина Ноно Тоби (Дедо Тоби), најстариот бел носорог на светот, објави претставничка на зоолошката градина.

„Ноно Тоби угина на 6 октомври. Тој паднал одејќи кон своето ноќно засолниште, и по околу половина час неговото срце застана“, изјави Елиса Ливија Пенакиони, претставничка на Зоолошката градина.

Тоби ќе биде балсамиран и изложен во научниот музеј Мусе во Тренто, каде што ќе му се придружи на Бланко, белиот лав од зоолошката градина кој умре пред пет години, рече Пенакиони.

Белите носорози обично живеат до 40 години во заробеништво, а до 30 години во дивина.

Смртта на Тоби, која следи по смртта на неговата партнерка Шугар во 2012, го остава Парко натура вива со еден бел носорог, 39-годишниот Бен.

Останати се само два примероци од подвидот северни бели носорози кои живеат во Кенија, кои вооружени стражари деноноќно ги чуваат.

Извор: Агротим.мк

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....