18.8 C
Скопје
02:04 - 11 септември, 2026

ОД РУДАРСКИ ИНЖЕНЕР ДО ОДГЛЕДУВАЧ НА ЈАБОЛКА, СЛИВИ, ПЧЕЛИ…: Кога Стојне Костовски останал без работа, работата си ја презел во свои раце!

Стојне Костовски од Македонска Каменица по професија е рударски инженер и целиот работен век работел во рудникот „Саса“. И неговата сопруга, економист по вокација работела во „Саса“, но откако се затворил рудникот тие останале без работа и без егзистенција. Така дошле на идеја да се занимаваат со земјоделско производство, но и со трговија. Имено отвориле пиљара во Македонска Каменица па се што произведуваат и таму продаваат. Велат тоа е најснабдената продаваница за овошје и зеленчук кои сами го произведуваат, пренесува Агротим.мк.

Денес одгледува околу 300 дрвца јаболка на 6 декари, 20 дрвца модри сливи, 80 лешници, 30 пчелни семејства, а асортиманот го проширил и на домати, краставици, има 5 фолии по 20 метри и произведува околу 2 тона домати и 1 тон краставици. Сѐ што произведува го продава во својата пиљара во Македонска Каменица.

А што е најинтересно, 80% од работите ги работат тој и жена му сами. Кога годините се само бројка.

„Некој прашува како може оваа работа да се постигне, ама ако добро се испланира, сѐ се постигнува. Ние сме во поодминати години, ама наоѓаме време сѐ да сработиме.“

Стојне користи субвенции, има воведено капка по капка систем, и има резервоари за вода каде што се акумулира водата што доаѓа од планината, која после ја пуштаат да тече преку системот капка по капка. Стојне исто така ни откри дека неговото производство е многу блиску до органското. Избегнува да става пестициди на јаболката, а двапати во годината става исклучиво израелско ѓубриво. Во овоштарниците има 10 видови јаболка, меѓу кои црвен и жолт делишес, муцо, грени смит, јонаголд, ајдарет…

За во иднина овој неуморен пензионер планира да инвестира во бушотини.

„Планираме да инвестираме во бушотини, да извадиме вода, подземни води, да го засилиме системот за наводнување и тука ќе вложиме околу 2000 евра.“, вели Стојне.

Стојне го сака земјоделството и ги поттикнува сите што се заинтересирани да го следат неговиот пример и да се зафатат со земјоделство за да си обезбедат егзистенција.

„Кога го имам земјиштето, зошто да не го искористам? Многу луѓе можат да го видат мојот пример дека може да се произведе и да се обезбедат средства за живот, за егзистенција“, вели тој.

Извор: Агротим.мк

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....