16:45 - 5 декември, 2025

ЖИВОТНА ПРИКАЗНА: Младата Ана низ солзи раскажува низ што поминува како манекенка веќе 7 години: Ми рекоа дека сакаат да ми се гледаат коските

Работата на манекенките, наизглед гламурозна и прекрасна, носи и друга страна, која јавноста честопати не ја гледа. Манекенката Ана Гант од Њујорк неодамна јавно ја откри суровата реалност што ја крие манекенската индустрија и посочи на некои од предизвиците со кои се соочува таа и нејзините колешки.

На ТикТок Ана, која е висока 178 см и носи конференциски број 36, сподели видео на кое се гледа како плаче и низ солзи раскажува дека директорите на агенцијата во која работи и рекле дека мора уште да ослабе – до тој степен „да и се гледаат коските“.

„Ова се денови кога проклето мразам што сум модел. Бидејќи никогаш не сум доволно добра, а почнав да работам во 2014 година, додека носев големина 32/34. Сега носам големина 34/36 и секој ден ми приговараат што веќе не сум костур и не изгледам нездраво. Само што имав кастинг и ме повреди директорот на кастингот. Гледам на социјалните мрежи дека сите сакаат да бидат манекенки, сите сакаат да стигнат до манекенскиот свет. Јас сум висока 178 см и сега сум здрава, но со години страдав од нарушувања во исхраната и сега конечно се чувствувам самоуверена додека ја носам оваа големина. Во последните 5 години добив 15 килограми.

Instagram

И сега изгледам одлично. Сè уште сум слаба, но животот во овој град ќе направи да се чувствувате дека никогаш не сте доволно добри и дека мора да живеете нездрав начин на живот за да успеете. По ѓаволите со манекенството, по ѓаволите со индустријата. Премногу сум слаб за „плус сајз“, и премногу сум дебела за што и да е стандардната големина 32/34.

Instagram

Знам што ви зборувам, во оваа индустрија сум од 2014 година, а сега имам 22 години. Бев многу млада кога пред седум години почнав да се занимавам со манекенство. Од сите модели што ги запознав и со кои работев, многу малку се природно слаби. Таа големина не треба да биде стандардна, затоа што тие девојки кои се толку слаби по природа, тоа е добро за нив, но мене ми е доста од кастинзи каде што јас и девојките како мене сме принудени да гладуваме, додека не ја изгубиме менструацијата. „Не си доволно добра“, „Преголема си“, „Твојот стомак, што не е во ред?“ Сега ми рекоа дека не сум доволно слаба и дека сакаат да ми се гледаат коските. Проклето завршив со ова!“, изјави вознемирената млада манекенка.

Видеото на младата манекенка стана вирално – беше прегледано преку 9,5 милиони пати за само 24 часа, а Ана доби илјадници коментари за поддршка.

@annavgantt

Welcome to the reality of modeling in NYC. I’m so crushed. #fyp #nyc #modeling #fashion #model #nyclife

♬ original sound – Anna Gantt

Слични објави

„Беше прашање на живот или смрт“: На таткото на Меган Маркл му ја ампутирале ногата!

Еспресо

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо
Се вчитува....