05:45 - 22 декември, 2024

Лидија и Кристина Атанасови, мајка и ќерка дизајнерки на чанти: Чанта како пандорина кутија – на крајот секогаш останува надежта!

Кристина го предложува дизајнот на ташната, Лидија ѝ кажува што може, како може и дали воопшто може да се изведе замислата на нејзината ќерка. Лидија секогаш ја вметнува својата визија во текот на изработката. Кога ја изработува чантата ѝ дава реален облик на првичната фантазија на Кристина. Звучи симбиотички совршено, нели?

Кристина и Лидија

Во времето на пандемија, кога многумина стравуваат за своите бизниси, Кристина Атанасова и нејзината мајка Лидија, се одлучија на смел чекор, да започнат бизнис, односно да лансираат линија на чанти. Така се родила модната марка „Main Days“ („Меин Дејс“), многу природно, како заедничко хоби на мајка и ќерка кои отсекогаш креирале облека и модни додатоци заедно. Пандемијата, како и несигурноста и тишината што дојдоа со неа, била поттик да започнат, зашто чувствувале дека е важно да се дејствува, да се искаже својот глас и да си работиш на своето. Ова особено важи за Лидија – ни нагласува Кристина – која креира свои модели и ги шие уште од тинејџерка. А со оглед на тоа што и Кристина и Лидија се вработени, велат дека не го доживеале овој почеток како смел бизнис чекор, туку чувствуваат дека е смел почеток за нив во однос на тоа дека секогаш се чувствува некаква изложеност и ранливост кога се презентира својата работа. Инаку, нивната работа е видлива и достапна на Инстаграм профилот @main__days.

Планираме секоја наредна сезона да има своја тема, мотиви и филозофија. Но, чантите секогаш ќе останат во нашиот фокус затоа што најмногу можеме да си „играме“ со нив.

Креативно работите заедно – мајка и ќерка, колку генерацискиот јаз е предност или маана, извор на разбирање или на недоразбирање?  

– Со мојата мајка имаме слични работни навики, нашата заедничка работа е структурирана и организрана. Јас го предложувам дизајнот на ташната што понатаму го дискутираме, таа ми кажува што може, како може и дали воопшто може да се изведе мојата замисла. Таа секогаш ја вметнува својата визија во текот на изработката. Кога ја изработува чантата ѝ дава реален облик на мојата првична фантазија, токму затоа и си требаме. Според мене, нејзиното неколкудецениско искуство го оправдува дизајнот и продуктот.

Живееме во различни градови, имаме свој простор и мислам дека тоа ја прави комуникацијата многу полесна.

Кои се предвизвиците во креирање чанти, и зошто чанти, а не, на пример, марами или облека? Планирате ли проширување на други модни додатоци?

– Oваа есен планираме да започнеме со изработка на нови модни додатоци. Се наоѓаме на самиот почеток и сè уште работиме на стандардизирање на нашата „core“ колекција. Понатаму планираме секоја наредна сезона да има своја тема, мотиви и филозофија. Чантите секогаш ќе останат во нашиот фокус затоа што најмногу можеме да си „играме“ со нив.

Легенда. Чантите секогаш ќе останат во нашиот фокус затоа што најмногу можеме да си „играме“ со нив

Колку, според тебе, Македонките „патат“ од големи брендови, од скапи марки на чанти, па и од популарни „хај стрит“ брендови, а колкава ни е свеста за поддршка на локалните модни марки?

– Свеста за поддршка на локалните модни брендови расте сè повеќе и повеќе и дури станува тренд, посебно кај новите генерации кои ја разбираат вредноста на рачната изработка и уникатноста на домашниот дизајн.

За време на пандемијата глобалното доживеа криза, се отворија многу социјални и економски прашања. Mеѓу другото, почнавме да поставуваме и многу потребни и етички прашања околу модата, за тоа од каде ни доаѓа облеката што ја носиме и кој ни ја изработува. На пазарот се бара поголема транспарентност околу процесот на работа и продукцијата, што може најмногу да биде понудена од малите брендови. Малите брендови некогаш можат да го видат она што поголемите не можат и да понудат нешто сосема ново, креативно, забавно и свежо. Зголемената свесност кај нас е резултат и на одличната работа на нашите локални брендови кои досега се имаат покажано доста значајни и вредни за заедницата, имаат да понудат нешто свое и уживам да сведочам како се развива нивната приказна и занает.

Гледаш ли на чантата како на пандорина кутија која може да нè изненади и нас самите со оглед на тоа што сè може да најдеме во неа?

– Како што во пандорината кутија на крајот останува надежта, така и во чантата. Спремањето на чантата воедно претставува планирање на денот, на ноќта, на викендот или на месецот. Независно од тоа колку и да е хаотична содржината, сепак ние свесно или несвесно сме избрале предмети кои се надеваме дека ќе ги искористиме или дека ќе ни се најдат.

Што секогаш ти носиш во својата чанта?  

-Се сеќавам кога мојата мајка ми помагаше да го спремам училишниот ранец, секогаш претежок од книги  и од секојдневна претпазливост да не ми притреба нешто. Денес се обидувам да се движам полесно и да ги курирам моите лични предмети, затоа и сакам да носам помали чанти со мене. Секако, се наоѓа и по некоја игнорирана фискална сметка, заборавен „Airwaves“ и звучни монети.

Јасмина Кантарџиева Димков

Фото – приватна архива

Слични објави

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо

(Фото) Цеца Ражнатовиќ без грам шминка: Вељко објави приватна фотографија од семејната вила

Еспресо

(Видео) Црногорската инфлуенсерка ја шокираше јавноста со својата изјава: Деца, ако учите, ќе можете да ми го миете автомобилот

Еспресо

(Фото) Ќерката на Цеца скршена по страшниот напад во Загреб: Анастасија се огласи со срцепарателна порака

Еспресо

(Видео) Рапер брутално убиен на паркинг: Се појавија вознемирувачки снимки

Еспресо
Се вчитува....