7.8 C
Скопје
08:33 - 31 март, 2026

„Зеленски е згоден млад човек со добра смисла за хумор“- оваа изјава Русинката Олга ја чинеше 40.000 рубљи

Судот во Москва казни руска пензионерка која го опишала украинскиот претседател Володимир Зеленски како „згоден млад човек со добра смисла за хумор“, објави руската организација за човекови права „Меморијал“.

70-годишната Олга Слегина од градот Налчик на југот на Русија била обвинета за „дискредитација на руските вооружени сили“.

Споменатиот коментар за Зеленски го дала пред келнерка во мензата во медицинскиот центар каде што била гостин минатиот Божиќ.

Зборувајќи за Зеленски, Слегина рекла и дека „сите се смееле на неговите шеги“, што во полиција го пријавиле уште тројца посетители на кафулето. Во досието стои дека и полицаец на жената и’ рекол: „Немате право да го фалите бидејќи тој е наш непријател“.

Судот во Москва ја казни Слегина со 40.000 рубљи.

Кремљ воведе сеопфатни закони за цензура веднаш по започнувањето на воената инвазија на Украина минатиот февруари. Минатиот месец, претседателот на долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин, рече дека го заострува законот за „да ја обезбеди безбедноста на земјата и нејзините граѓани“.

 

Слични објави

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....