7.8 C
Скопје
09:25 - 31 март, 2026

(Видео) Силна бура во Калифорнија, има и жртви

Силна бура веќе втор ден по ред предизвикува поплави и лизгање на земјиште низ Калифорнија. Десетици илјади домови останаа без струја, а има и смртни случаи.

Неколку десетици илјади граѓани останаа без електрична енергија, а патиштата беа поплавени и непроодни поради паднати дрвја и лизгање на земјиштето, јавуваат странските агенции.

Од средата се пријавени најмалку две жртви од невремето, едната жртва е мало дете на кое паднало дрво и уништило подвижна куќа во Северна Калифорнија, додека другата жртва е 19-годишна девојка.

Следниот круг бури се очекува доцна вечерва, што ќе донесе ризик од лизгање на земјиштето и поплави, соопшти американската Национална метеоролошка служба.

Најзагрозени се оние места каде што земјата беше опустошена по овогодинешните пожари.

Областа на заливот Сан Франциско, градот Сакраменто и околните региони сè уште се опоравуваат од огромните штети од поплавите.

 

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо
Се вчитува....