6.6 C
Скопје
04:09 - 1 април, 2026

Веб-страницата на Европскиот парламент мета на хакери – ЕП обвини дека зад нив стои Кремљ

Хакерска група блиска до Кремљ денеска изврши напад на веб-страницата на Европскиот парламент, само неколку часа откако пратениците ја осудија војната во Украина, изјави портпаролот на парламентот, Џомс Дучес-Жило.

Европскиот парламент денеска усвои Резолуција, со која Русија е државен спонзор на тероризмот и се наведува дека воените напади врз цивилните цели се „кршење на меѓународното право“, пренесе „Ројтерс“.

Нападот се случи само неколку часа откако пратениците ја осудија војната во Украина.

Претходно Европскиот парламент ја прогласи Русија за „државен спонзор на тероризмот“ поради „бруталните и нехумани“ дејствија нанесени врз Украина и нејзините граѓани од почетокот на инвазијата, пренесе Еуроњуз.

„Намерните напади и злосторства извршени од страна на Руската фдерација врз цивилното население на Украина, уништувањето на цивилната инфраструктура и другите сериозни прекршувања на човековите права и меѓународното хуманитарно право претставуваат акти на терор врз украинското население и претставуваат воени злосторства“. – изјавија европратениците во необврзувачка, но многу симболична резолуција.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....