7.8 C
Скопје
00:33 - 31 март, 2026

Саудиска Арабија победата над Аргентина ќе ја слави како национален празник – утре никој нема да работи

Сите вработени во јавниот и приватниот сектор и студенти во Саудиска Арабија ќе имаат слободен ден во среда, откако нивната репрезентација ја победи Аргентина со 2-1 во еден од најголемите шокови во историјата на Светските првенства, пишува Дејли мејл.

Ваква одлука донел кралот на Саудиска Арабија, Салман бин Абдул-Азиз Ал Сауд, кој 23 ноември го прогласи за државен празник за да можат жителите на Саудиска Арабија да ја прослават победата на Светското првенство во Катар.

Државата ќе даде и бонус за секој фудбалер – парична награда, за секој играч премија од по 1,5 милиони долари.

Сите екипата на победникот ја сметаа за аутсајдер , сепак таа успеа да постигне два гола и да дојдат до победа. Аргентинците играа добро во првото полувреме, поведоа со голот на Меси од пенал во 10.минута, но не успеаjа да ја зголемат предноста до крајот на првиот дел.

Кралот Салман има 86 години. Роден е во главниот град Ријад и кралската титула ја носи од 2015 година.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....