7.8 C
Скопје
23:04 - 31 март, 2026

(Видео) САД го покажа најновиот стратешки бомбардер

Американското воено воздухопловство и еден од најголемите одбранбени производители во САД компанијата „Northrop Grumman“ ги претствија најновиот стратешки бомбардер од моделот „B-21 Raider“  базиран на невидливата технологија кој треба постепено да ги заменува стратешките авиони од периодот на Студената војна.

Како што се очекуваше, конкретни поединости за авионот сѐ уште се врвна тајна, но американскиот министер за одбрана Лојд ОСтин додаде дека леталото е доказ за „доглотрајните американски предности во генијалноста и иновативноста“.

Остин рече дека авионот претставува значаен напредок во однос на постојните бобмардери во американската воздухопловна флота, додавајќи дека „дури и најсофистицираните системи за противвоздушна одбрана“ тешко ќе го лоцираат „B-21 Raider“ на небото.

Презентацијата се одржа во погоните во Палмдејл, во сојузната држава, во пристуство на Остин, кој претходно најавувајќи го настанот на Twitter го опиша како „историски“. Самиот произведувач го позицинира својот бомбардер како „едеинствен авион од шестата генерција во светот“.

„Во овој авион се вложени педесет години напредок во технологијата за ниска видливост“, рече Остин и додаде дека авионот, исто така, е изграден со „архитектурата на отворен состем“, која овозможува вградување „ново оружје кои сѐ уште не е изумено“.

Авионот „B-21 Raider“, како што беше објаснето во директниот пренос на презенатацијата на официјалната веб-страница на „Northrop Grumman“ ќе може да стаса до која и да е локација на светот, да носи нуклеарно и ненуклеарно оружје и да се справи со најнапредните системи на противвоздушната одбрана благодарение на напредната „стелт“ технологија. Се очекива во иднина да бидат претставени и беспилотни модификации на овој модел.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....