7.8 C
Скопје
19:18 - 1 април, 2026

Руските тајкуни станаа уште побогати, објави „Форбс“ – западните санкции не успеаја да им ги поматат сметките

Најбогатите луѓе во Русија го зголемиле за 152 милијарди долари своето богатство минатата година, благодарение на високите цени на природните ресурси и закрепнувањето од огромните загуби што ги претрпеа непосредно по почетокот на војната во Украина, објави руското издание на магазинот „Форбс“, пренесува „ХРТ“.

Официјално Русија има 110 милијардери на листата, 22 повеќе од минатата година, според „Форбс Русија“, кој пренесува дека нивното вкупно богатство се искачило на 505 милијарди долари од 353 милијарди долари кога била објавена листата во  2022 година.

Според магазинот „Форбс“, овој список би бил подолг доколку петтемина милијардери: основачот на „DST Global“, Јуриј Милнер, основачот на „Revolut“, Николај Сторонски, основачот на „Freedom Finance“, Тимур Турлов и коосновачите на „JetBrains“, Сергеј Дмитриев и Валентин Кипјатков – не се откажеле од руското државјанство.

– На минатогодишната листа влијаеја и прогнозите за влошување на руската економија“, пренесува „Форбс“ и се додава дека вкупното богатство на руските милијардери изнесувало 606 милијарди долари во 2021 година, пред почетокот на војната.

Минатиот месец ММФ ја зголеми прогнозата за рускиот раст годинава  на 0,7% од 0,3%, но ја намали прогнозата за наредната година на 1,3% од 2,1% и очекува дека руската економија ќе има штети од излегувањето на западните компании и недостигот на работна сила.

По воената инвазија на Русија врз Украина, во февруари минатата година, западните држави воведоа најстроги санкции спрема руската економија и кон некои од најбогатите Руси.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....