6.8 C
Скопје
07:38 - 31 март, 2026

Приштина попушти под притисокот на Вашингтон – регистерските таблички добија уште 48 часа

Приштина за дополнителни 48 часа ги одложи плановите за казнување на возачите Срби кои одбиваат да се откажат од табличките издадени од Србија, по барањето на Вашингтон за одложување на потегот кој може да предизвика етничко насилство.

Косовскиот премиер Аљбин Курти на Твитер денес во раните утрински часови напиша:

„Го прифаќам барањето (на американскиот амбасадор) за одложување од 48 часа. Среќен сум што можам да работам со САД и ЕУ на наоѓање решение во следните два дена“.

Косовската полиција претходно соопшти дека казни би требало да се издаваат од денес во 8 часот наутро и дека ќе погодат околу 10.000 возачи.

Спорот околу регистарските таблички веќе речиси две години создава тензии меѓу Србија и Косово, на чиј север живеат Срби кои ги поддржува Белград. Околу 50.000 етнички Срби кои живеат таму одбиваат да ја признаат независноста на Косово и се сметаат за дел од Србија. Белград повеќе пати порача дека никогаш нема да ја признае независноста на Косово.

Стотици полицајци, судии и други државни службеници од редовите на српското малцинство дадоа откази претходно месецов.

Приштина бара локалните Срби да ги заменат регистарските таблички кои ги издава Србија со таблички РКС.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....