16:19 - 13 ноември, 2026

Новинарот кој објави дека руска ракета паднала во Полска доби отказ

Асошиетед прес го отпушти новинарот Џејмс Лапорта поради неточни информации за пад на ракета во Полска. Отказот на новинарот го објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори во редакцијата на АП.

„Според висок претставник на американското разузнавање, руски ракети ја преминале границата на Полска, земја членка на НАТО, убивајќи две лица“, објави Лапорта во текстот.

Според „Вашингтон пост“, Лапорта бил отпуштен откако истрагата открила дека новинарот, откако добил информации од анонимен извор во американското разузнавање, ги убедил уредниците да го објават материјалот без втор независен извор, наведувајќи го фактот дека објавувањето на веста е наводно одобрено од висок уредник.

Асошиетед прес одби да го коментира инцидентот. Портпаролката на агенцијата Лорен Истон рече само дека АП крајно сериозно ја сфаќа точноста на објавените информации, а редакцијата има многу строги стандарди. „Кога овие стандарди се прекршени, ние мора да ги преземеме неопходните чекори за да го заштитиме кредибилитетот на вестите“, додаде таа.

Ракетата падна на територијата на Полска на 15 ноември, за време на масовниот напад на руските трупи врз Украина. Првично се претпоставуваше дека ракетата е лансирана од Русија, но наскоро западните земји дојдоа до заклучок дека најверојатно станува збор за украинска ракета за воздушна одбрана. Украина инсистираше дека проектилот бил руски.

Слични објави

Игор Којиќ ги објави првите фотографии од свадбата – нежно го гали трудничкиот стомак на 10 години помладата сопруга

Еспресо

Рада Манојловиќ инвестирала 55.000 евра во бизнис – еве колку пари ѝ носи секој месец

Еспресо

(Фото) Сите имаме мал црн фустан, но Нина Бадриќ покажа како да му дадеме сосема нов изглед

Т.Ц.

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо
Се вчитува....