7.8 C
Скопје
20:40 - 1 април, 2026

Последни подготовки за скопскиот маратон, може да се пријавите уште денеска

Во недела на 2 октомври годинава во Скопје ќе се одржи 18-то издание на Виз Ер Скопски маратон со традиционалните трки кои се дел од оваа спортска манифестација.

Сите заинтересирани тркачи кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат уште денеска на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон.

Оваа година стратот и целта се враќаат на својата претпознатлива локација – пред македонското Собрание, а целта ќе биде плоштадот „Македонија“. Стартот на маратонот, полумаратонот и штафетната трка- ЕУ за спорт ќе биде во 8 часот, а трката на 5 километри ќе започне во 8.10 часот.

Подигнување на старатните пакети сите учесници ќе имаат можност да го направат тоа од 29.09.2022 (четврток) до 01.10.2022 (сабота) во Веро Центар, од 11 до 19 часот. При подигнување на пакетот тркачите ќе треба да прикажат потврден меил од пријавата или документ за идентификација.

Секој учесник на Виз Ер – Скопски маратон добива вредносен ваучер од 20 евра од насловниот спонзор на трката, Виз Ер кој можат кој може да се искористи при купување на авионска карта.

Виз Ер Скопски маратон е во организација на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетски клуб „Работнички“ од Скопје, а под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕУ и Агенцијата за млади и спорт.

 

Слични објави

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо
Се вчитува....