8.8 C
Скопје
21:30 - 30 март, 2026

Не сум во можност да типкам, но на сите ви испраќам љубов – актерот Џереми Ренер од болничка постела им се заблагодари на фановите

Актерот Џереми Ренер имаше несреќа чистејќи го снегот на 1 јануари по што итно беше префрлен во болница во Рено, Невада, а сега им се обрати на своите фанови на „Инстаграм“.

„Ви благодарам за убавите зборови. Во моментот не сум во можност да типкам но на сите ви испраќам љубов“, напиша актерот покрај фотографијата направена во болнички кревет, а многу колеги, како Крис Хемсворт, Кејт Бекинсејл, Кејт Хадсон и Крис Еванс, во коментарите му посакаа брзо закрепнување.

Во неделата, 1 јануари, Ренер се обидувал да му помогне на возачот што бил заглавен пред куќа на снежната страна на планината кога го прегази сопственото возило“, изјави градоначалничката Хилари Шив.

Во несреќата актерот добил сериозни повреди, но сега е во стабилна состојба.

 

Слични објави

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Месечен хороскоп за април и среќни датуми за секој хороскопски знак

Еспресо
Се вчитува....