10.8 C
Скопје
10:09 - 24 март, 2026

НА ТИНДЕР, ОСВЕН ЛУЃЕ, ИМА И КУЧИЊА И МАЧКИ: Не постојат само осамени души меѓу луѓето, туку и меѓу животните

Кучиња и мачки може да најдете на популарната страна за запознавање, Тиндер, а причината што тие се таму е – да си најдат дом.  

Позната како една од најпопуларните страници за средби, Тиндер повремено се претвора во начин да се најдат домови за мачки и кучиња.

Иницијативата е започната од германска одгледувачница, а фотографиите на животните, кои живеат во оваа одгледувалница на кучиња и мачки, се прикачени на апликацијата за средби Тиндер, со надеж дека некој ќе одлучи да си вдоми животното.

Идејата доаѓа од Минхенското здружение за заштита на животните во соработка со одгледувачницата во Минхен. Здружението контактирало со професионален фотограф барајќи од него да направи 15 портрети на кучиња и мачки кои биле напуштени, а сега се вдомени во одгледувачницата и си бараат траен дом. Снимките потоа беа објавени на Тиндер и иницијативата веднаш постигна огромен успех.

Џилијан Мос, еден од менаџерите на проектот, објаснува за Ројтерс дека: „Одзивот беше луд“. Координаторот за комуникации на Тиндер пак, додаде: „Добиваме многу повици, проектот експлодира насекаде“.

Идејата за поставување фотографии од мачки и кучиња на апликацијата за средби Тиндер, собра куп фанови и поддршка.

„Се надеваме дека овие животни ќе можат да најдат партнер, долгорочен и искрен, не само за неколку недели. Не постојат само осамени души меѓу луѓето, туку и меѓу животните “; рече координаторот за комуникации на Тиндер. 

Механизмот што ви овозможува да се сретнете со напуштените животни е ист како и кај луѓето. Иако системот на Тиндер предвидува можност за комуникација само доколку се „совпаднете“,  името на одгледувачницата е напишано и на профилот на кучињата и мачките, што ја олеснува комуникацијата.

Оригинална идеја, нема што. И достојна за пофалба – иницијативата, всушност, се стреми да се бори против феноменот на напуштање на животни, особено во период како август, кога напуштањата на домашните животни драстично расте, односно е рекорден, поради тоа што луѓето одат на годишни одмори и ги оставаат своите миленици на улица…

Слични објави

„Тогаш Бог почнува…“: Лазиќ ноќеска објави снимка од дворот во Брестач

E.A.

Живеевме заедно со Ивона Јо: Тамара Волческа се отвори за несогласувањата со пријателката

msp-admin

Дневен хороскоп за 24 март: Денеска е вистински ден за справување со тешки задачи

apostolova

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо
Се вчитува....