05:12 - 26 март, 2026

Медведев удри мајтап со кандидатурата на Бајден, го нарече „очаен дедо“

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, кој стана жесток критичар на Западот од почетокот на конфликтот во Украина, го исмејува американскиот претседател Џо Бајден како „очаен дедо“ откако ја објави својата кандидатура за изборите во 2024 година.

„Бајден донесе одлука. Очаен дедо“, напиша Медведев на Телеграм за 80-годишниот претседател.

Бајден најави дека ќе се кандидира за претседател следната година, но неговата возраст може да биде отежнувачки фактор. Никогаш порано Американците не избрале толку стар претседател.

Во ноември 2021 година и февруари 2023 година, на претседателот му беа извршени лекарски прегледи, чиј заклучок беше дека е во „добро здравје“. Меѓутоа, во земја каде што впечатокот е исклучително важен и каде кандидатот мора да зрачи со виталност, претседателот не може да ја сокрие својата возраст.

Неговиот говор е понекогаш нејасен, а понекогаш и самиот изгледа збунет, што републиканската опозиција го користи за да ја доведе во прашање острината на неговиот ум.

Слични објави

(Фото) Парите само си течат: Откриено од што заработува 10 години постарото момче на Уна Чолиќ

Еспресо

„Денес се големи ѕвезди а живеат од мои песни“: Ша „удри“ по колегите

Е.А.

Вистинската приказна зад филмот „Грешници“ – еден од главните ликови навистина постоел, а неговиот живот и смртта и денес се мистерија

Еспресо

Мина Наумовиќ не се враќа во „Амиџи шоу“: Откриено зошто не сака да соработува со сопругот

Е.А.

(Видео) „За нашиот Маринко“: Огњен Амиџиќ ја исполни големата желба со нова песна – се слуша и гласот на Маџгаљ

Еспресо

Како настанала песната „Загрли ме“ на Здравко Чолиќ? Се појави снимка со Арсен Дедиќ од пред половина век

Еспресо
Се вчитува....