7.8 C
Скопје
20:03 - 1 април, 2026

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Во светот на модерните врски, постојат некои ненапишани правила кои можат да придонесат за успех или прерано завршување на новата врска. Повеќето од нас ги знаат класиките – немојте да зборувате за поранешни премногу рано, бидете достапни (но не премногу) и барем на првиот состанок понудете да платите сметка. Но, кои се правилата за допишување, а што треба да се избегнува, особено кога се прашува за испраќање емотикони, пишува New York Post.

Според Emojipedia, трите најпопуларни од 3953 официјално признати емотикони се црвено срце (❤️), лице што гласно плаче (😭) и златни искри (✨). Сепак, Лорен Тетенбаум, психотерапевтка од Њујорк, советува воздржаност при користење на овие емотикони во комуникација со потенцијален партнер.

„Мислам дека користењето емотикони зависи од тоа колку долго се познавате и колку е природно за вас да ги користите“, вели Тетенбаум.

„Воопшто, моите клиенти многу повеќе го ценат лично запознавањето на потенцијален партнер отколку допишувањето. ‘Не барам пријател за допишување’ е реченица што често ја слушам, и пред првиот и пред десеттиот состанок. Затоа, ако сте во фаза на запознавање, обидете се да избегнувате претерување со пораки, вклучувајќи и емотикони.“

Помалку е повеќе

Тетенбаум признава дека и самата често користи емотикони, а омилените ѝ се лице што се топи (🫠) и двојни розеви срца (💕). Таа нагласува дека оние кај кои е природно да испраќаат емотикони не мора целосно да се откажат од навиката, но важно е да се држат до „лежерни“ избори.

„Не сакате да користите емотикони со екстремни изрази на лице, како оној што се смее до солзи – дали пораката на која одговарате навистина беше ТОЛКУ смешна?“, вели Тетенбаум. „Исто така, обидете се да не користите претерано сексуализирани емотикони во сериозен контекст, особено ако уште не сте стигнале до фаза на секс преку телефон, во зависност од енергијата на вашата врска.“

Сексуални алузии кои одбиваат

Ани Ким (33) од Лос Анџелес, која моментално бара љубов, ги наведува црвеното задишано лице (🥵), пламенот (🔥) и, секако, патлиџанот (🍆) со капки вода (💦) како емотикони кои лично ја одбиваат. „Тоа е виртуелен еквивалент на флерт на улица“, вели таа. „Сите знаат на што алудираат овие емотикони. Момците ќе ги користат, но ако им посочите на тоа, се повлекуваат.“

Се согласува и Данит Сибовиц (42), комичарка од Њујорк: „Ако ми испрати момче модар патлиџан за да се опише себеси, ми доаѓа да му вратам емотикон за повраќање, бидејќи знам дека тоа не е вистина. Ако разговорот го почнат со тоа колку им е голем пенисот или како знаат дека можат да ме задоволат, обично е спротивното. Несигурни се и лажат.“

Скот Сиепкер, филмски продуцент од Ајова, сериозно го сфатил истиот совет од поранешните девојки: „Научив од повеќе жени дека момците пребрзо се служат со емотикон модар патлиџан или капки вода“, рече тој. „Момци, не можете да прескокнете лежерен разговор и веднаш на прва или втора порака да преминете на Pornhub“, се шегува.

Не се проблем само отворено сексуални емотикони. Дури и наизглед „невини“, како палец нагоре, може да испратат порака која испраќачот не ја мислел.

„Ништо не ме нервира повеќе од кога маж ќе испрати палец нагоре (👍) или ‘означи со срце’ наместо како возрасна личност да употреби зборови и да состави реченица како: ‘Звучи одлично, едвај чекам’“, вели Ники Мари (43) од Менхетен. „Тај допис значи многу и зборува многу за личноста.“

Златно правило за допишување

Бони Винстон, која е стручна за за спојување парови, додава дека постојат и „токсични“ емотикони кои секогаш се забранети, дури и надвор од контекст на состанок. „Вие сте тоа што го испраќате во пораките“, вели таа. „Затоа никогаш никому не испраќајте емотикон ‘куп измет’ (💩), по никоја цена!“

„Зборовите имаат поголемо значење и очигледно бараат повеќе труд. Емотиконите можат да бидат забавни, но можат да делуваат и мрзеливо. Пред да испратите емотикон, запрашајте се: ‘Како би се чувствувал/а ако го добијам ова?’

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....