6.8 C
Скопје
08:11 - 1 април, 2026

Има бактерија во виршлите Wudy, ако сте купиле вратете ги

Агенцијата за храна нареди итно да се повлечат од продажба виршлите од брендот Wudy, кај кои вo земја членка на ЕУ било утврдено присуство на бактерија Listeria мonocytogenes ST 155.

„Се повикуваат потрошувачите кои ги имаат купено долунаведените серии од производот да не ги употребуваат, односно да ги вратат на местото каде се купени. Секоја недоследност во однос на безбедноста на храната граѓаните можат да ја пријават лично до Одделението за заштита на потрошувачите при АХВ, на бесплатната телефонска линија наменета за потрошувачите 0800 3 22 22, или електронски на [email protected]“, информира Агенцијата за храна.

Кај компанијата увозник извршен е вонреден инспекциски надзор и утврдено е дека од спорните серии, кои во земјава биле увезени во неколку наврати, во магацините се наоѓаат 3. 030 килограми, кои се ставени под службен надзор. Овие количини, нештетно ќе бидат уништени заедно со количините кои ќе бидат повлечени од пазарот.

За небезбедниот производ преку RASSF системот на ЕУ известила Италија, која врз основа појавата на труење предизвикано со патогената бактерија Lysteria monocitogenes ST 155 ја креирала наведената нотификација која била поткрепена и со лабораториска анализа. Спорните серии од производителот Agricola Trevalli Soc Coap ARL од Италија во земјава биле увезени преку компанијата Колид С Тим од Колешино Струмица.

Агенцијата за храна и ветеринарство, нареди итно повлекување на следниве небезбедни серии од овој производ:

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....