7.8 C
Скопје
23:05 - 30 март, 2026

Илон Маск ќе го поддржи републиканецот ДеСантис на претседателските избори во САД во 2024 година

Американскиот бизнисмен Илон Маск изјави дека е подготвен да ја поддржи кандидатурата на гувернерот на Флорида Рон Де Сантис на претседателските избори во САД во 2024 година. Маск ова го објави на Твитер.

Новиот сопственик на Твитер, Маск одговорил потврдно на прашањето дали ќе го поддржи републиканецот Рон ДеСантис на претседателските избори во 2024 година.

Инаку, 44-годишниот политичар, за кој во последо време се предвидува дека ќе биде републикански кандидат на претседателските избори во САД, се обидува да најде приврзаници во партијата кои се подготвени да се откажат од поддршката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Мнозинството поддржувачи на Републиканската партија, вклучително и бројни независни гласачи, се подготвени да го поддржат ДеСантис наместо Трамп. Според анкетата на YouGov, 42 отсто од испитаниците веруваат дека ДеСантис треба да стане републикански кандидат на претседателските избори во 2024 година.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....