7.8 C
Скопје
19:56 - 31 март, 2026

Грета Тунберг ја виделе во полициски автобус – приведена е на протест против рудник за јаглен

Германската полиција ја приведе познатата активистка Грета Тунберг.

Taa беше меѓу приведените активисти за климатски промени за време на протестите во селото Луцерат. Протестирала во отворениот рудник за јаглен Гарцвајлер, на околу 9 километри од Луцерат.

Како што пишува Ројтерс, Тунберг им се придружи на демонстрантите во петокот, а потоа ја виделе како седи сама во голем полициски автобус. Од полицијата ја потврдија информацијата и велат дека еден активист скокнал во рудникот.

Во западна Германија и по евакуацијата на активистите од селото Луцерат, кое пропаѓа поради проширувањето на рудникот за лигнит, протестите на еколошките активисти не запираат.

Во градот Келн, оддалечен 40-ина километри, активисти го запреа сообраќајот за време на утринскиот шпиц.

Слични објави

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо
Се вчитува....