13:52 - 13 ноември, 2026

Француската јавност еднаш и прости – Каролин Каје, министерката што ги критикуваше истополовите бракови поднесе оставка

Француската министерка за територијална кохезија Каролин Каје денеска соопшти дека поднела оставка од функцијата по јавните критики дека не била доволно транспарентна во изјавата за имотната состојба.

На почетокот на оваа година, министерката Каје предизвика бура од реакции за друго прашање, односно за истополовите бракови, па мораше да се извини по критиките кои поттикнаа повеќе од сто француски јавни личности да потпишат отворено писмо во кое ги осудуваат нејзините хомофобични забелешки. Каје беше именувана за министерка за територијална кохезија во новата француска влада формирана на 4 јули.

Таа на почетокот стоеше на својот став против истополовите бракови, а потоа додаде дека има „многу пријатели меѓу таквите луѓе”. Два дена подоцна таа се извини за изјавата.

Сенатот тој месец ја праша дали таа се спротивставува на законот од 2013 година кој им дозволува на истополовите парови да стапуваат во брак и да посвојуваат деца. Новоизбраната министерка тогаш реформата ја нарече „каприц” и „план што оди против природата”.

Елисејската палата ја потврди информацијата за оставката на Каје, без да наведе причина. Беше кажано само дека на таа позиција ќе биде Доминик Форе.

 

 

 

Слични објави

Сопругата на Саша Поповиќ останува сама во луксузната вила на Бежанијска коса, децата го напуштаат семејниот дом

Еспресо

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova
Се вчитува....