03:48 - 3 април, 2026

(Фото) Папата Франциск итно пренесен во болница, откажани се сите состаноци

папа франсис

Ватикан информира дека папата Франциск (86) денеска е хоспитализиран во Рим, а неговите состаноци планирани за утре се откажани.

„Светиот Отец е во болницата „Џемели“ каде што попладнево беше однесен на однапред договорени прегледи“, изјави портпаролот на Светата столица, Матео Бруни, без да даде други информации.

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ објави дека папата бил пренесен во болницата со брза помош поради проблеми со срцето. Медиумите пренесуваат дека тој бил однесен на кардиолошкото одделение каде се вршат прегледи.

Би-би-си пак пишува дека папата има потешкотии со дишењето во последните денови, но нема ковид.

Во соопштението се вели дека инфекцијата „ќе бара неколкудневна соодветна болничка медицинска терапија“.

Папата (86) претходно во средата одржа општа аудиенција во Ватикан, а се појавија фотографии на кои се гледа како неговите соработници го приоддржуваа додека се качувал во возилто со болни гримаси на лицето.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....