05:04 - 9 април, 2026

Сос од домати со босилек по рецепт на славниот Павароти

Лучијано Павароти беше познат гурман. Сакал лично да учествува во подготовката на храната без разлика дали се гоштева сам или е во една од неговите различни резиденции со пријателите.
„Добро ја познавам кујната. Специјализиран сум за тестенини. Знаете ли кое јадење е најтешко за правење? Шпагети со сос од домати и босилек. Наједноставните работи често се најтешки за правење“, своевремено рекол Павароти.

Потребни состојки за 2 литра сос: околу 2 кг домати, подварени, излупени и исечени на коцки, 1 чаша сецкан кромид, 3 сецкани чешниња лук, 150 мл црвено вино, 75 мл црвен вински оцет, 1/2 чаша сечкан босилек, 1 кафена лажичка сол, 1 кафена лажичка шеќер, 156 мл доматна паста.

Подготовка:
Сите состојки соединете ги во тенџере со дебело дно. Оставете да зоврие на силен оган. Намалете ја топлината и оставете да се динста околу 40 минути со редовно мешање. Во меѓувреме, измијте ги и стерилизирајте ги вашите стаклени тегли. Истурете го сосот во теглите до еден сантиметар одозгора. Затворете ги теглите. Ставете ги теглите во големо тенџере со врела вода. Додадете вода, така што теглите се покриени со 3 см вода. Покријте го садот и доведете ја водата уште еднаш да зоврие. Задржете ја водата да врие уште 35 минути (40, ако користите тегли од 1 литар). Извадете ги теглите од тенџерето. Оставете да се излади сосот 24 часа. Проверете ги капачињата (треба да се искривуваат навнатре). Обележете ги теглите и ставете ги на студено, слабо осветлено место.

Слични објави

Велигденска чоколадна торта

Т.Ц.

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо
Се вчитува....