7.8 C
Скопје
08:02 - 19 март, 2026

ШЕФ БРАНКО ПОПОСКИ НИ ПОДГОТВИ ВЕГАНСКИ ТАРТ СО ОРГАНСКО КАКАО И МАЧА: Слатко задоволство со здравствени бенефити

Шеф Бранко Попоски или познат како Cooking with Branko, вели дека мора да го направите за да го почувствувате спојот на органската мача и органското какао.

Зошто мача?

Мачата изобилува со антиоксиданси, го забрзува метаболизмот а со тоа и согорува калории. Природно го смирува телото и умот и е одлична за детокс. Богата е со растителни влакна, хлорофил и витамини и минерали како витамин Ц, селен, цинк и магнезиум. Го намалува нивото на шеќерот во крвта и холестеролот.

А сега, рецептот пред вас и одиме во кујна!

Потребни состојки:

– Кокосово масло
– Путер од органско какао
– 2 лажички органска мача
– 5 лажичи кафеав шеќер
– Екстракт од ванила
– Мелена посна плазма
– Вегански маскарпоне сир
– Мускатно оревче и каранфилче
– 3 лажици органско какао
– Крем од ванила (веган)
– 50мл. бадемово млеко

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Branko Cooking (@cookingwithbranko)

Начин на подготовка:

Во сад, додадете 200гр. мелена плазма, кокосово масло (6 лажици), 3 лажици кафеав шеќер и екстракт од ванила. Убаво мешајте и ставете на оган се додека не се изедначат сите состојки. Во тавчето за тарт, додадете ја смесата и убаво притиснете ја да се залепи. Оставете ја во фрижидер да се стегне околу 10 минути.

Во сад, додадете го маскарпонето, мачата, путерот од какао, 2 лажици кокосово масло, веганскиот крем од ванила, 50мл. бадемово млеко, и зачините мускатно оревче и каранфилче. Мешајте со миксер се додека не се хомогенизира смесата. Оставете да отстои во фрижидер околу 10 минути.

За глазурата:

Во сад на оган, додадете 3 лажици органско какао, 3 лажици кафеав шеќер (во прав), ванила екстракт, кокосово масло.

Кога ќе се стегне смесата од плазма, врз нејзе додадете го кремот од мача, измазнете убаво и истурете ја глазурата.

Верувајте, ова е МАКСИМАЛНО уживање!

Слични објави

Хороскоп за 19 март: Рибите носат важна емотивна одлука, Овните чувствуваат нов почеток

Еспресо

(Видео) Цеца конечно покажа што носи во својата чанта од неколку илјадници евра! Не излегува без овие работи…

Еспресо

Бени Шаќири откри зошто е скаран со Златко Ориѓански: На лична основа е

Еспресо

Пропуштен хит: Сања Вучиќ откри дека Теа Таировиќ одбила да сними дует со неа

Еспресо

(Видео) Зад мегахитот на Силвана Арменулиќ се крие приказна за нејзината најголема болка во животот

Еспресо

Беше омилен лик во „Среќни луѓе“, а почина во беда: „Пензијата ја дочекав во сиромаштија“

Е.А.
Се вчитува....