12:06 - 7 април, 2026

Рецепт за превкусни американски палачинки

Состојки:
400 грама брашно
100 грама шеќер
1 прашок за печиво
20 грама сода-бикарбона
30 грама сол
4 јајца
500 милилитри млеко
6 лажици масло за јадење

Подготовка:
Во подлабок сад ставете ги сувите состојки и промешајте ги. Во друг длабок сад ставете ги јајцата, млекото и маслото и сите состојки убаво изматете ги.
Смесата со јајца постепено додавајте ја во сувите состојки и цело време матете. Вака подготвената смеса, ставете ја да отстои околу 30 минути.
Откако ќе помине потребното време, ставете ја тавата за подготвување на палачинките да се загрева. Додајте неколку капки масло за јадење и ставајте ги палачинките да се печат една по една. Ставајте повеќе од смесата додека ги подготвувате, за палачинките да изгледаат подебели споредбено со нашите тенки палачинки.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....