7.8 C
Скопје
00:00 - 31 март, 2026

(РЕЦЕПТ) Потпечени макарони со мелено месо

Состојки:
500 грама макарони
500 грама мелено месо
1 главица кромид
100 милилитри масло за јадење
5 јајца
200 милилитри јогурт
100 грама овчо сирење
100 грама кашкавал
зачини по ваша желба

Подготовка:
Во поголемо количество вода која врие, а во која претходно имате додадено малку масло за јадење и малку сол, додајте го потребното количество макарони.
Треба да ги варите макароните додека комплетно не омекнат. Кога макароните ќе бидат готови, извадете ги од водата, исцедете ги и убаво исплакнете ги со ладна вода.
Потоа почнете со подготовката на филот.
Во тава на оган ставете масло за јадење и ситно исечкан кромид. Пржете го кромидот неколку минути, а потоа во него додајте го меленото месо. Пржете околу 15 минути, а потоа прженото мелено месо тргнете го настрана и убаво зачинете го по ваша желба.
Вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени целзиусови. Потоа во тава за печење истурете ги макароните. Врз нив истурете го и меленото месо. Во друг сад, ситно изронете го сирењето, изматете ги јајцата и додајте го јогуртот. Трите состојки убаво измешајте ги, а потоа ставете ги во тавата за пречење.
Вака подготвените макарони, ставете ги да се печат во рерна. Печете околу половина час, а потоа извадете ја тавата од рерна, наросете одозгора рендан кашкавал и вратете ја тавата со макароните и меленото месо да се допече.

Слични објави

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо
Се вчитува....