7.8 C
Скопје
21:41 - 1 април, 2026

Предлог за ручек: Јунешко месо во сос од сенф и павлака

Состојки:

600 грама јунешки шницли
1 лажичка сол
малку црн бибер
1 лажица мешан сув зеленчук
2 лажици сенф
1 главица кромид
200 милилитри млеко
200 грама кисела павлака
2 лажици брашно

Подготовка:

Шницлите исечете ги на тенки парчиња и убаво исчукајте ги со кујнски чекан. Зачинете
го месото и секое парче премачкајте го убаво од двете страни со сенф. Вака
подготвеното месо оставете го да отстои околу 3 часа во фрижидер. Откако ќе помине
потребното време, кратко пропржете го месото во врело масло. Во истата тава ставете
го да се пржи ситно сечканиот кромид. Пржете неколку минути, а потоа во садот додајте
малку вода. Оставете ги состојките да се динстаат неколку минути.
Во меѓувреме, брашното измешајте го со ладно млеко. Откако ќе се уверите дека нема
грутчиња, додајте ја и павлаката, една лажица сенф и зачини по избор.
Сето тоа додајте го во садот во кој се готват шницлите. Оставете ги да провријат
шницлите заедно со сосот неколку минути. Со тоа јадењето е готово.

 

Слични објави

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо

Италијанскиот „град со две мориња“ е хит на Тикток: „Не би сакале да станеме Чинкве Тере, бидејќи тоа би ја уништило автентичноста на градот“

Еспресо

По повод Светскиот ден на вафлите, ви носиме рецепт за совршено крцкав и мек десерт

Еспресо

Рецепт за превкусни посни шпагети со доматен сос

Еспресо
Се вчитува....