12.8 C
Скопје
17:35 - 17 март, 2026

Ќофтенца од хелда: Гурманско уживање за целото семејство

Денес подгответе еден специјалитет во кој ќе ужива целото семејство. Класчните ќофтиња од мелено месо во летниот период може да ги замените со ќофтенца од хелда. Лесни, едноставни за подготовка и невероатно вкусни.

СОСТОЈКИ:

– 1 чаша варена и исцедена хелда
– 1 чаша издробено тврдо кравјо сирење
– 2 јајца
– 2-3 лажици брашно
– 2 лажици сечкан магдонос
– сол и црн пипер
– лебни трошки
– масло

ПОДГОТОВКА:

Сварената хелда (се вари во сооднос 1:3, еден дел хелда, 3 дела вода, додека омекне, 4-5 минути) измешајте ја со јајцата, здробеното сирење, брашното и зачините. Измешајте добро да се соедини смесата, па оставете ја во фрижидер да стои некое време. Потоа направете помали ќофтенца, валкајте ги во лебни трошки (или можете во брашно) па пржете ги во врело масло. Потоа ставајте ги на хартиени салфетки да се исцеди вишокот маснотија. По желба можете да ги наредите во тепсија и да ги испечете во рерна 20-30 минути.

Совет плус: Ќофтенца од хелда можете да ги сервирате заедно со тестенини. Сварете фи вашите омилени тестенини, ставете ги ќофтенцата и наросете малку сирење. Вистинско уживање за целото семејство.

Добар апетит!

Слични објави

Стјуардесите откриваат пет работи што никогаш не треба да ги нарачувате во авион

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за Јогурт чорба со месо и зеленчук

Еспресо

Традиционален македонски рецепт за питулици со сирење

Еспресо

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

Три рецепти за освежувачки колач со лимон – одберете си го омилениот

Еспресо

Садење медитерански билки: Што им е потребно на лавандата, жалфијата, рузмаринот и ловорот?

Еспресо
Се вчитува....