14:33 - 7 април, 2026

Чоколаден божиќен венец

СОСТОЈКИ:
– 2 јајца
– 300 мл млеко
– 4 лажици шеќер
– 7 г сув квасец
– 1 лажица масло
– прстофат сол
– 1 лажичка екстракт од ванила
– 700 г брашно
ЗА ПРЕЛИВ:
– 1 мала кутија течно чоколадо
– 1 лажица цимет

ПОДГОТОВКА:
Ставете го квасецот да стаса со малку млако млеко, 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно. Одвојте една жолчка за премачкување, па другото јајце и белката изматете ги и додајте им го млекото, па потоа квасецот и екстрактот од ванила. Просеаното брашно со прстофат сол додајте го во течната смеса и замесете тесто. Премачкајте го со масло, оставете го да стаса. Развлечете кора, намачкајте ја со чоколадо, посипете со цимет и завиткајте ролат. Исечете го по должина, па исплетете ги двата дела во венец. Ставете го венецот во плех со хартија за печење да стаса. Потоа премачкајте го со жолчка, посипете со малку шеќер и печете го во рерна загреана на 170 степени.

Слични објави

Луди сте по чоколадо? Тогаш мора да ја посетите европската престолнина на овој деликатес

Т.Ц.

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

Најдобар рецепт за солени фритули со јогурт – совршени се како ужина или прилог

Еспресо

Предлог за ручек: Полнети компири со мелено месо и кашкавал

Еспресо

Сака сенка, но не поднесува вишок вода – како правилно да ја одгледувате бегонијата?

Еспресо
Се вчитува....